Новости

Поставен камен темелник на нова винарска визба
Дата на објава: 
13 Март 2013
123.jpg

Во росоманското село Трстеник денеска беше поставен камен темелник на нова винарска визба, која што ќе биде со капацитет од 10 милиони литри.

На почнувањето со градба на винаријата, која е во сопственост на Акционерското друштво “Гоце Делчев-Тиквеш“ од Кавадарци, во Трстеник присуствуваше и министерот за земјоделство Љупчо Димовски.

- Македонија е лидер во регионот за производство на вино. Бројот на винарските визби кај нас постојано се зголемува, што е јасен показател дека винарството веќе сигурно станува начин на живот и силен мотор во земјоделството и економијата на земјата во целина. Виното е најизвезуван пијалок и втор земјоделски производ по остварениот приход од извоз. Во просек околу 85 проценти од производството на вино е наменето за извоз, рече Димовски.

Тој се осврна на резултатите од минатата година во секторот.


Министерот Димовски на состанок со министерите за земјоделство од регионот
Дата на објава: 
5 Март 2013
jpg

Во Белград денеска се одржа средба на министерите за земјоделство од регионот, на кој се дискутираа заедничките прашања поврзани со безбедноста на храната.

 

На состанокот присуствуваа министрите за земјоделство на Македонија, Љупчо Димовски, Србија, Горан Кнежевиќ, Хрватска Тихомир Јаковина, на Република Српска, Мирослав Миловановиќ и министерот за надворешна трговија и економски односи на Босна и Херцеговина Мирко Шаровиќ.

 


Министерот Димовски го отвори форумот на Меѓународниот совет за дивеч и дивиот свет
Дата на објава: 
1 Март 2013
jpg

Министерот Димовски го отвори форумот на Меѓународниот совет за дивеч и дивиот свет
Во Македонија веќе заживува т.н. високоловен туризам. Преземените активни мерки за негов развој ги даваат очекуваните резултати. Се повеќе странци ја посетуваат земјата со намера да уловат див јарец или дива свиња, но особено атрактивен е прелетниот дивеч.
- Со воведување најдобри практики, Република Македонија има за цел да го задржи националното богатство, дивечот, овозможувајќи побрз напредок на руралните средини и преку туризмот, промоција на нејзините природни убавини и културни вредности, рече министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство  Љупчо Димовски, отворајќи го форумот на Меѓународниот совет за дивеч и дивиот свет.
Во земјава има 256 ловишта. Од вкупно 130 видови определени како дивеч согласно Законот за ловство, под трајна заштита се 83, со ловостој се заштитени 33 видови, додека без заштита се 14 видови. Уште 139 видови диви птици се трајно заштитени со правилник.


Министерот Димовски се обрати на работилницата за финансирање и осигурување во земјоделството
Дата на објава: 
28 Февруари 2013
0007.jpg

За 2013 година државата обезбеди околу 35 милиони денари со кои ќе покрива 60 отсто од трошоците за полиси на земјоделските површини. Во мерката е вклучено и пчеларството.

- На земјоделците им нудиме можност да ги осигуруваат културите од несакани временски непогоди или последици од климатските промени за да ги покријат трошоците на производство и загубите, истакна министерот Љупчо Димовски.

Тој напомена дека ваква мерка во регионот нема, но постои во развиените земји членки на ЕУ.

- Не сме задоволни од процентот на искористената поддршка. Апелираме до земјоделците да побараат средства зашто нема подобро решение за покривање на загубите од осигурувањето на посевите, подвлече министерот Димовски.

Во обраќањето на работилницата, министерот потенцира дека финансирањето и осигурувањето се основа за воведување модерно, стандардизирано и одржливо производство.


Состанок на министерот Димовски со неговиот босански колега Шаровиќ
Дата на објава: 
27 Февруари 2013

За време на својата посета на БиХ, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Димовски одржа состанок со министерот за надворешна трговија и економски односи на Босна и Херцеговина, Мирко Шаровиќ. Министерството за надворешна трговија и економски односи покрива земјодество преку помошник министер кој е одговорен за земјоделство, а ентитетите имат свои министерства за земјоделство На состанокот освен министерот Шаровиќ присуствуваа и Директор на Управа за ветеринарство, д-р Сејад Мачкич, помошник  министерот одговорен за земјоделство Душан Нешковиќ и директорот на Фитосанитарната управа.


Syndicate content