СООПШТЕНИЕ за полагање на вториот (практичен) дел од испитот за добивање на лиценца за процена на тутун за кандидатите кои го п
Дата на објава: 
12 Декември 2015

Полагањето на вториот (практичен)  дел од испитот за добивање на лиценца за процена на тутун ќе се оддржи во салата за состаноци во НАУЧЕН ИНСТИТУТ ЗА ТУТУН ПРИЛЕП со седиште на ул. Кичевска бр.ББ, Прилеп на 22 декември 2015 година, со почеток од 11 часот.

Вториот (практичен) дел од испитот се состои од решавање на три до пет практични примери со три до пет прашања во познавање на тутунската суровина.

Одговорите на кандидатот на секое прашање во познавањето на тутунската суровина се бодуваат со најмалку 10, а најмногу 50 бодови, при што вкупниот збир на бодови се пресметува според просечната вредност на добиени бодови за секое прашање.

Вкупниот збир на бодови од вториот (практичен) дел од испитот е 50 бода.

Вториот (практичен) дел од испитот се смета за положен со добиен најмалку 21 бод.

Се известуваат кандидатите на кои им е потребна обука во познавањето на тутунската суровина  дека на 21 декември во просториите на Научен Институт за тутун Прилеп  може да побараат помош од  д-р Ана Корубин Алексоска и м-р Милан Смоквоски.


Отворена канцеларија на ЛАГ во Старо Нагоричане и Ранковце
Дата на објава: 
10 Декември 2015
DSC_0677.JPG

Рурален развој преку поврзување на жителите и зајакнување на нивните вештини за соработка и партнерство, треба да поттикне канцеларијата „АБЕР 2015“ на локалната акциска група (ЛАГ) во општина Старо Нагоричане што беше отворена денеска.

Канцеларијата, покрај Старо Нагоричане, ќе ги опслужува и општините Куманово и Липково, а целта е жителите преку неа да ги искажуваат своите идеи и потреби и потоа, заедно со експертите и членовите на ЛАГ-от да креираат и имплемнтитаат проекти за нивно реализирање, односно за развивање на локалната заедница.

- Отворањето вакви канцеларии е дел од иновативниот пристап на европската политка што го следи и Македонија. Преку него се стимулира полноправност и заедништво на сите чинители во процесите на донесување одлуки и спроведување активности поврзани со руралниот развој, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков кој присуствуваше на настанот.


СООПШТЕНИЕ за кандидатите за полагање на првиот дел од испитот за добивање на лиценца за процена на тутун
Дата на објава: 
4 Декември 2015

Полагањето на првиот дел од испитот за добивање на лиценца за процена на тутун ќе се спроведува во просториите на Испитниот Центар кој се наоѓа на следната локација: улица Христо Смирненски бр.30 ламела 1-Скопје (во близина на Универзална сала), на 11 декември 2015 година, со почеток од 15:30 часот и завршување до 17:30 часот.

 

Трошоците за полагање на испитот за добивање на лиценца за процена на тутун ги сноси кандидатот, а уплатата ја врши на следната сметка:


СООПШТЕНИЕ за кандидатите за полагање на првиот дел од испитот за добивање на лиценца за процена на тутун
Дата на објава: 
4 Декември 2015

„Левидиагро“ во Кочани ја отвори најголемата фабрика за ориз во регионот
Дата на објава: 
3 Декември 2015
PC030022.JPG

Во Кочани денеска започна со работа „Левидиагро“, нова фабрика за преработка на ориз, турска браунфилд инвестиција од 4 милиони евра која ќе придонесе за враќање на кочанскиот ориз на старите европски пазари како висококвалитетен македонски бренд.

Фабриката е технолошки најсовремено опремена и претставува најголем капацитет за преработка на ориз во регионот.

На отворањето на фабриката присуствуваа премиерот Никола Груевски, министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Михаил Цветков, заменик министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Ванчо Костадиновски. Премиерот Груевски истакна дека „Левидиагро“ е дел од група компании основани од инвеститори од Турција во Македонија, чија реализација како и за сите други инвестиции беше поддржана од Владата и ресорните министерства.


Syndicate content