Усвоена заедничка декларација на земјите членки на Централно Европската Инцијатива
Дата на објава:
16 Април 2013Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, присуствуваше на Министерскиот состанок на земјите членки на Централно Европската Инцијатива.
Централно европската иницијатива – ЦЕИ е меѓувладин форум кој ја промовира политичката, економската и културната соработка меѓу нејзините земји членки и нејзината основна мисија е регионалната соработка за европска интеграција. Вкупно 18 земји членки се во ЦЕИ од кои, Македонија, Србија, Словенија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Црна Гора, Бугарија, Молдавија, Словачка, Чешка, Полска, Австрија, Унгарија и други.
Оваа година претседателството на ЦЕИ е во Унгарија, каде што министрите и водачите на делегации за земјоделството и животната средина во земјите на ЦЕИ се сретнаа и дискутираа за актуелни прашања во три меѓусебно поврзани области: одржливо земјоделство, безбедност на храна и обезбедување храна и животна средина во која може да се живее.