Новости

Министерот Димовски од Брисел: Македонија ја менува сликата за земјоделството
Дата на објава: 
14 Мај 2013
JPG

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски денеска, во рамки на работната посета на Брисел, на покана од Милан Звер, член на Европскиот парламент и на Европскиот совет на млади земјоделци (ЦЕЈА), беше гостин-говорник на Третото издание на ЦЕЈА. Министерот Димовски учествуваше и на тркалезната маса „Младите фармери обезбедуваат одржлив развој за иднината на Европа“ што се одржа во Европскиот парламент. Тој во обраќањето порача дека како земја која сака членство во ЕУ, Македонија има за цел да ги усогласи регулативите и инструментите со ЕУ политиката и легислативата.


Работна средба на министерот Димовски со претставници на земјоделците
Дата на објава: 
9 Мај 2013
P5090055.JPG

До октомври годинава ќе се исчистат 104 километри каналска мрежа од кои најголем дел се во пелагонискиот регион, а останатите 24 на територијата на цела држава.

Како што најави денеска министерот Љупчо Димовски, ќе се чисти и коритото на реката Црна, вкупно 25 километри во Битолско, за што е надлежна Дирекцијата за заштита и спасување.

Акцискиот план е веќе изготвен, а активностите почнуваат веднаш штом се намали нивото на водите.

- Во периодот што следи, веднаш по смирувањето на хидролошката ситуација, почнуваме со интезивно чистење на предвидените каналски правци. Планираните 104 километри се реално изводливи и цениме дека ќе ги завршиме до крајот на септември или почетокот на октомври, изјави министерот Димовски по работната средба со претседателите на Сојузот на земјоделците и на Аоцисјацијата на земјоделци, Вељо Тантаров и Евтим Шаклев.

Лани, рече, беа исчистени 72 километра каналска мрежа, а во изминатите 6-7 години околу 400 километри.


За корисниците на социјална помош уште 731,6 хектари државно земјоделско земјиште на плодоуживање
Дата на објава: 
9 Мај 2013
jpg

Социјално загрозените лица уште еднаш ќе имаат можност да се вклучат на пазарот на труд преку извршување земјоделска дејност. Како што најавија денеска министрите за земјоделство, шумарство и водостопанство и за труд и социјална политика Љупчо Димовски и Спиро Ристовски, наскоро ќе биде објавен третиот оглас за доделување државно земјоделско земјиште на плодоуживање за оваа категорија граѓани.

Јавниот повик ќе се однесува на 731,6 хектари во вкупно 21 општина, Берово, Битола, Македонски Брод, Валандово, Гостивар, Гевгелија, Дебар, Делчево, Демир Хисар, Кочани, Крушево, Кратово, Кавадарци, Струга, Струмица, Пробиштип, Ресен, Велес, Штип, Гази Баба и Чаир.

Површината за која може да се достави понуда и да се даде на плодоуживање е максимум 4 хектари во систем за наводнување и најмногу 8 хектари надвор од систем за наводнување.


Средба на министерот Димовски со амбасадорката на Германија Гудрун Елизабет Штајнакер
Дата на објава: 
8 Мај 2013
P5080047[1].JPG

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Димовски, денска се сретна со  амбасадорката на Федеративна Република Германија, Гудрун Елизабет Штајнакер. На средбата стана збор за соработката на двете земји во областа на земјоделството која се поуспешно се реализира.

 

Како што истакна министерот Димовски Федеративна Република Германија е еден од стратешките партнери на Република Македонија во поддршката на структурните и правни  реформи во процесот на европската интеграција.

Тој ја информираше амбасадорката Штајнер дека од септември започнува нов твининг проект за Вкрстена сообразност во директните плаќања во кој експерти од Германија се партнери на нашето министерство за земјоделство.

 


Договорното производство во вредносниот синџир за преработка на зеленчук
Дата на објава: 
25 Април 2013
P4250040.jpg

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски денеска се обрати на промоцијата на резултатите од спроведувањето на активноста за поддршка на Договорното производство во вредносниот синџир за преработка на зеленчук, која треба да овозможи подобрување на конкурентноста на земјоделскиот сектор и стабилизирање на приходите на земјоделците.

Во рамките на АгБиз програмата, финансиранa од страна на УСАИД во соработка со консултантката фирма МЦГ, Фондација-Агроцентар за едукација (АЦЕ), Федерацијата на фармери на Македонија (ФФРМ) и со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство од април 2012 до април 2013 беше реализирана проектната активност „Имплементација на договорното производство“ наменета за вредносниот синџир за преработка на зеленчук.


Syndicate content