Министерот Димовски на јавна расправа за Предлог-законот за продажба на земјоделско земјиште во државна сопственост
Дата на објава:
16 Мај 2013Продажбата на државното земјоделско земјиште ќе го раздвижи капиталот во Македонија, оцени денеска министерот Љупчо Димовски. Ваквиот потег што по иницијатива на земјоделците веќе се преточува во закон, ќе значи, напомена, зголемување на приносите и на вкупното производство.
И стопанствениците кои учествуваа на јавната расправа по овој владин предлог, се согласни дека од приватизацијата на површините бенефитот ќе биде повеќекратен. Ќе се срушат сите бариери, пред се идеолошки, и ќе се создадат предуслови за сериозно агропроизводство.
- Сопственото е најсигурно. Оттука, ако се вложи сопствен капитал, ќе се води сметка за целосна обработка на површините со користење современи агротехнички мерки и модерна механизација. Тоа, пак, ќе значи зголемување на приносите и на вкупното производство, рече министерот Димовски.