Јавен конкурс за биодиверзитет
Дата на објава: 
3 Февруари 2016

Врз основа на член 60–б од Законот за сточарството (,,Службен весник на Р.М” бр. 07/08, 116/10, 23/13 и 149/15), Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство обjавува:

ЈАВЕН КОНКУРС

за давател  на јавни услуги за

спроведување на мерки и активности од

Програмата за заштита на биолошката разновидност во сточарството од 2011 до 2017 година

Додаток за превземање: 

Јавен конкурс за давање јавни услуги од областа на здравјето на растенијата
Дата на објава: 
27 Јануари 2016
Со јавниот конкурс кој произлегува од Законот за здравјето на растенијата, Фитосанитарната управа како надлежен орган издава дозволи за давање на јавни услуги во форма на решение. Јавните услуги се активности кои на корисниците им ги даваат правни и физички лица кои ги исполниле општите и посебните услови од законската регулатива за здравје на растенијата и врз основа на јавниот конкурс добиле дозвола за овие активности.
Јавни услуги се за следните активности: издавање на пасоши за растенија, вршење на лабораториски тестирања и дијагностицирања, едукација на лицата вклучени во активности поврзани со здравјето на растенијата, како и за вршење на дезинфекција, дезинсекција и дератизација за здравјето на растенијата.
Додаток за превземање: 
Додаток за превземање: 
Додаток за превземање: 
Додаток за превземање: 

КОРЕКЦИЈА
Дата на објава: 
27 Јануари 2016

КОРЕКЦИЈА на СООПШТЕНИЕТО

за полагање на вториот (практичен) дел од испитот за добивање на лиценца

за процена на тутун за кандидатите кои го положија првиот (теоретски) дел од испитот на 25.01.2016 година

 

 

Полагањето на вториот(практичен) дел од испитот за добивање на лиценца за процена на тутун ќе се оддржи во салата за состаноци во НАУЧЕН ИНСТИТУТ ЗА ТУТУН ПРИЛЕП со седиште на ул.Кичевска бр.ББ, Прилеп на 29 јануари 2016 година, со почеток од 12 часот.


СООПШТЕНИЕ за полагање на вториот (практичен) дел од испитот за добивање на лиценца за процена на тутун
Дата на објава: 
26 Јануари 2016

Полагањето на вториот (практичен)  дел од испитот за добивање на лиценца за процена на тутун ќе се оддржи во салата за состаноци во НАУЧЕН ИНСТИТУТ ЗА ТУТУН ПРИЛЕП со седиште на ул. Кичевска бр.ББ, Прилеп на 28 јануари 2016 година, со почеток од 12 часот.

Вториот (практичен) дел од испитот се состои од решавање на три до пет практични примери со три до пет прашања во познавање на тутунската суровина.

Одговорите на кандидатот на секое прашање во познавањето на тутунската суровина се бодуваат со најмалку 10 а најмногу 50 бодови, при што вкупниот збир на бодови се пресметува според просечната вредност на добиени бодови за секое прашање.

Вкупниот збир на бодови од вториот (практичен) дел од испитот е 50 бода.

Вториот (практичен) дел од испитот се смета за положен со добиен најмалку 21 бод.

Се известуваат кандидатите на кои им е потребна обука во познавањето на тутунската суровина  дека на 27 јануари во просториите на Научен Институт за тутун Прилеп  може да побараат помош од  д-р Ана Корубин Алексоска и м-р Милан Смоквоски.


СООПШТЕНИЕ за кандидатите за полагање на првиот дел од испитот за добивање на лиценца за процена на тутун
Дата на објава: 
18 Јануари 2016

Полагањето на првиот дел од испитот за добивање на лиценца за процена на тутун ќе се спроведува во просториите на Испитниот Центар кој се наоѓа на следната локација: ул. Христо Смирненски бр.30 ламела 1-Скопје (во близина на Универзална сала), на 25 јануари 2016 година, со почеток од 16 часот и завршување до 18 часот.

 

Трошоците за полагање на испитот за добивање на лиценца за процена на тутун ги сноси кандидатот, а уплатата ја врши на следната сметка:


Syndicate content