Новости

Средба на министерот Димовски со претседателот на ТИКА Сердар Чам
Дата на објава: 
28 Јуни 2013
2.jpg

На маргините на посетата на Република Турција министерот Љупчо Димовски се сретна со Сердар Чам, претседателот на Претседателството на турската агенција за соработка и координација ТИКА. Претседателот Чам го изрази своето задоволство од средбата со министерот Димовски и iстакна дека Република Македонија има посебно место во срцата на турскиот народ поради историската и културната поврзаност.

-ТИКА има отворено 35 канцеларии во светот и спроведува проекти во 110земји. Бевме земја која добиваше помош, а сега сме земја која дава помош. Нашата помош се базира на искреност и пријателство поради тоа нашата помош носи успех. Ние имаме задолжение од Mинистерството за храна, земјоделство и сточарство, и Mинистерството за шумарство и водостопанство да ви помогнеме во рамките на нашите можности – истакна претседателот на ТИКА, Сердар Чам.


Потпишан меморандум за разбирање во областа на земјоделството помеѓу Р.Македонија и Р.Турција
Дата на објава: 
27 Јуни 2013
123.jpg

Министерот за земјоделство, Љупчо Димовски и министерот за храна, земјоделство и сточарство на Република Турција, г. Мехди Екер денеска во Анкара, потпишаа Меморандум за разбирање меѓу Владата на Република  Македонија и Владата на Република Турција за соработка во областа на земјоделството.

Пред потпишувањето на меморандумот двајцата министри одржаа билатерален состанок. На заедничката прес конференција министерот Екер рече дека Балканот и земјите во него за Турција претставуваат порта кон Европа и оттаму големото значење кое го има Балканот за нивната земја.

Тој истакна дека е потребно да се зајакнат меѓусебната соработка помеѓу овие земји и Турција а од посебно значење ја истакна соработката со Република Македонија и напома дека по осамостојувањето Република Турција секогаш ги поддржувала интересите на Република Македонија во сите области на развојот.


Министерот Димовски ги посети оштетените земјоделци во Прилепско
Дата на објава: 
25 Јуни 2013
JPG

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски  денеска го посети прилепското село Беровци кое беше зафатено од невремето во неделата попладне. Министерот Димовски изјави дека е обврзан, особено кога земјоделците ќе претрпат штети да ги слушне и да ја види ситуацијата на теренот.

- Министерството во целост го разбира проблемот на тутунопроизводителите. Сите мерки во согласност со законот се преземени од општината во делот со процената на штетите, рокот со кој тоа ќе се изврши, подмирувањето на потребната документација преку Советот и доставувањето до второстепената комисија на Владата каде ќе се донесе одлуката за висината на обештетувањето, поткрепена со конечната владина одлука, изјави Димовски.


Продолжува обуката на македонските земјоделци од израелски експерти за подобрување на постбербените активности
Дата на објава: 
25 Јуни 2013
DF7E6D3BDCEBA0C70B9637F91029AB32.jpg

Поголемо образование, помош од науката и поддршка од државата, се трите клучни фактори неопходни за подобрување на постбербените активности во македонското земјоделство.

 

Како што порачуваат израелските експерти, во целиот процес на усовршување на земјоделските практики мора да се вклучи и бизнис секторот. Квалитетот на свежото овошје и зеленчук не само што ќе го подобри пласманот дома, туку ќе овозможи и етаблирање на надворешните пазари.

 

- Слабости има во делот на калибрирањето, сместувањето, разладувањето, пакувањето... Експертите тоа го воочија. За поквалитетни постбербени активности ни е потребен посеопфатен пристап, нивните сугестиите се во тој правец, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски по денешната средба со експертите.

 

Според Елазар Фалик, шеф на  Институтот за технологии и чување земјоделски производи „Волкано“, кој петти пат доаѓа во земјава, не мора да се почне веднаш со примена на висока технологија.

 


Министерот Димовски се сретна со претставници од земјоделците и од мелничко-пекарската индустрија
Дата на објава: 
12 Јуни 2013
DSC_4442.JPG

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, денеска во Новаци се сретна со претставници на мелничко пекарската индустрија и со производителите на пченица. Акцентот на средбата беше ставен на откупот на пченицата и дефинирање на ориентациона цена, при што министерството се јавува како медијатор во разговорите.

-Откупната цена за оваа година би требало да се движи во рамките на минатогодишната откупна цена, со огле на ценовните движења на берзите во регионот, пред се во Нови Сад. Од друга страна треба да се имаат предвид и временските прилики во тие региони.-рече министерот Димовски.

Земјоделците бараат откупната цена да не биде пониска од 15 денари.

-Бараме, годинава откупната цена на пченицата да не биде пониска од ланската откупна цена и покрај тоа што имаме зголемени трошоци на самото производство- рече Вељо Тантаров, претседател на Сојузот на земјоделците..


Syndicate content