Дата на објава:
28 Јули 2013Mинистерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски во рамки на неформалната меѓувладина мини седница која се оддржа во Ќустендил, оствари билатерална средба со г. Димитар Греков, министер за земјоделство и храна на Република Бугарија.
Ова претставува прва средба на двајцата министри. На средбата се разговараше за соработката меѓу министерствата околку Евроинтегративните процеси и проширување на соработката во другите области од земјоделството.. Министерот Греков, му посака добредојде на својот македонски колега при што истакна дека тие како министри за земјоделство се најблиску до народот и искрено се надева дека наскоро и Република Македонија ќе ги започне преговорите за влез во Европската Унија.
Министерот Греков беше заинтересиран за состојбата со земјоделството во Македонија и истакна дека ако се обезбеди наводнување на земјоделските површини, ако се помогне на земјоделците во обработката на земјата и се чуваат шумите, и народот во нашите земји подобро ќе живее.