- Министерство
- За министерството
- Односи со јавност
- Документи
- Органско производство
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
ИЗВЕСТУВАЊЕ за полагање испит за добивање уверение за рибочувар
Дата на објава: 9 Март 2016Испитот за добивање уверение за рибочувар ќе се одржи на ден 17.03.2016 година со почеток во 10:30 часот, во испитниот центар “АСЕКО“ на ул. Христо Смирненски бр.30 ламела 1, Скопје. На денот на полагањето кандидатите задолжително да поседуваат документ за идентификација (лична карта). Списоците со кандидати за полагање на испитот се во додатокот за превземање. Додаток за превземање: Додаток за превземање: Поставен камен темелник на нов откупно-дистрибутивен центар во Општина Илинден.
Дата на објава: 9 Март 2016Органски произведени овошје и зеленчук од Македонија ќе извезува на европскиот пазар турската компанија Атајмач која денеска почна да гради откупно-дистрибутивен центар во индустриската зона во општина Илинден. Вкупната инвестиција во откупно-дистрибутивниот центар за овошје и зеленчук ќе изнесува 10 милиони евра и ќе бидат отворени 100 работни места, истакна инвеститорот Атај Мач при денешното поставување камен темелник во Општина Илинден. Инвеститорот Мач информираше дека во меѓувреме по одлуката за инвестирање е купена градежната парцела, обезбедени се потребните дозволи за градба и денеска почнуваат градежните активности кои планираат да ги завршат до наесен за да се искористи откупната сезона. - Ќе откупуваме претежно органски производи, сите видови овошје и зеленчук, кои ќе ги извезуваме во Западна Европа. Првично планираме откуп од локалните земјоделци, а во иднина ќе извезуваме производи од сопствено производство, рече Мач. МАТЕРИЈАЛИ ЗА ПОЛАГАЊЕ НА ИСПИТ ЗА ДОБИВАЊЕ НА УВЕРЕНИЕ ЗА РИБОЧУВАР И ЗА ДОБИВАЊЕ УВЕРЕНИЕ ЗА ВРШЕЊЕ СТОПАНСКИ РИБОЛОВ
Дата на објава: 2 Март 2016Прашањата за полагање на испит за добивање уверение за рибочувар и испит за добивање на уверение за вршење стопански риболов, содржани во јавно достапната база, се објавени на следниот линк http://e-prasanja.mk Прописите и литературата во кои се содржани одговорите на прашањата потребни за подготовка за полагање на испитите се:
- Закон за рибарство и аквакултура (“Службен весник на Република Македонија“ бр. 07/08, 67/10, 47/11, 53/11, 95,12, 164/13, 116/14, 154/15 и 193/15), Додаток за превземање: Јавен оглас бр. 03/16
Дата на објава: 20 Февруари 2016Врз основа на член 21 став 1 од Законот за земјоделското земјиште („Службен весник на Република Македонија“ бр.135/07, 18/11, 148/11, 95/12, 79/13, 87/13 106/13, 164/13, 39/14, 130/14, 166/14, 72/15, 98/15, 154/15, 215/15 и 7/16), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, распишува
Јавен ОГЛАС бр.03/16 за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини до 3 хектари
1.ПРЕДМЕТ НА ЈАВНИОТ ОГЛАС Се дава во закуп земјоделско земјиште во државна сопственост со вкупна површина од 48ар 18м2 во Катастарска општина Покрвеник - Регион Ресен. Додаток за превземање: Додаток за превземање: Јавен оглас бр. 02/16
Дата на објава: 19 Февруари 2016Влада на Република Македонија Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство
Врз основа на член 21-a став 1 од Законот за земјоделското земјиште („Службен весник на Република Македонија“ бр.135/07, 18/11, 148/11, 95/12, 79/13, 87/13 106/13, 164/13, 39/14, 130/14, 166/14, 72/15, 98/15, 154/15, 215/15 и 7/16), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, распишува
Јавен ОГЛАС бр.02/16 за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини над 3 хектари по пат на електронско јавно наддавање
1.ПРЕДМЕТ НА ЈАВНИОТ ОГЛАС Се дава во закуп земјоделско земјиште во државна сопственост со вкупна површина од 36 ха 86 ар 12 м2 Додаток за превземање: Додаток за превземање: |