Новости

Соопштение
Дата на објава: 
6 Септември 2013
9841.jpg

Македонска делегиција учествува на Конференцијата за Научна и технолошка соработка во земјоделството која за прв пат се одржува во Пекинг како дел од Форумот за соработка во земјоделството помеѓу Кина и земјите од Централна и источна Европа. Државниот советник Перица Иваноски во своето обраќање ја истакна потребата за заеднички настап на сите земји во справување со глобалните феномени кои имаат ефект на сите земји и стопанства подеднакво и кои неможат да бидат третирани изолирано.


Охридското Езеро порибено со сто илјади единки охридска пастрмка
Дата на објава: 
31 Август 2013
 123.jpg

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски денеска во Охрид присуствуваше на порибувањето на Охридското Езеро со подмладок од ендемичниот вид охридска пастрмка.

Во водите на езерото беа испуштени сто илјади парчиња подмладок пастрмка од годинaшниот мрест, девет месеци од оплодувањето на икрата и шест месеци старост, со просечна тежина од 2 и 2,5 грама и должина меѓу шест и осум милиметри.

- Станува збор за редовна активност согласно Законот за рибарство и аквакултура, со кои државата е задолжена за порибување на рибиловните води врз основа на риболовната основа изготвена од надлежните институции. Во тој процес на порибување од 2006 година досега езерото е порибено со околу 14 милиони единки подмладок пастрмка за што се вложени средства во износ од околу 35 милиони денари, рече министерот Димовски.

За оваа година тој појасни дека се предвидени приближно 2,1 милиони единки подмладок охридска пастрмка, активност што ќе биде заокружена до крајот на идниот месец.


„Сахара груп“ ја почна реорганизацијата на агрокомбинатот „Џумајлија“
Дата на објава: 
27 Август 2013
11.JPG

Индиската компанија „Сахара Груп“ денеска со индиски и православни обичаи за бериќетна работа официјално ја започна реализацијата на проектот за реорганизација на агрокомбинатот „Џумајлија“, инвестиција вредна над 200 милиони евра.

Во следните три години планирано е „Сахара Груп“ да изгради регионален млекопреработувачки капацитет со фабрика за добиточна храна и млекарница со фарма од 20.000 грла говеда во која ќе се произведуваат 80.000 литри млеко дневно.

За еден месец ќе започне изградбата на објектите за сместување на добитокот, а за една година се очекува да биде пласирано првото млеко од оваа млекарница на македонскиот пазар.

Инвестицијата на „Сахара Груп“ ќе обезбеди вработување на околу 2.000 лица, а според надлежните со овој проект ќе се задоволат потребите на домашниот пазар со млеко и млечни производи и сточна храна.


Соопштение
Дата на објава: 
24 Август 2013
photo.JPG

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчo Димовски денеска го посети саемот за земјоделство во Горна Радгона, Словенија. По повод отворањето на Агра - 51 Меѓународен саем за земјоделство и храна, министрите за земјоделство  кои беа присутни на саемот беа поздравени од НЕ Аленка Братушек, Претседател на Владата на Република Словенија. НЕ Аленка Братушек го отвори саемот и им посака добредојде на министрите за земјоделство и изрази надеж за продолжување на соработката во областа на земјоделството.


Соопштение
Дата на објава: 
20 Август 2013

Во рамки на подготвителните активности за претстојната откупна сезона на винското грозје, денес, министерот и заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, одржаа работна ссредба со претставницитe на винскиот сектор од Република Македонија.

На средбата беа опфатени повеќе теми поврзани со досегашниот откуп на вискоквалитетните сорти на винско грозје, претстојниот откуп на винското грозје и организираноста на сите инволвирани страни во процесот на откупот, при што претставниците на винскиот сектор беа информирани за очекувањата и барањата на лозаропроизводителите, кои беа презентирани на последната средба со лозаропроизводителите, со посебен акцент на барањето на лозаропроизводителите за повисоки откупни цени на винското грозје во однос на ланската сезона, посебно за сортите смедеревка и вранец.


Syndicate content