Новости

Министерот Димовски во посета на ПЕ Кавадарци и откупен пункт за грозје
Дата на објава: 
20 Септември 2013
 Кавадарци.jpg

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство  Љупчо Димовски денес во општина Кавадарци, ја посети подрачната единица на министерството за земјоделство и откупен пункт за грозје и на лице место се увери дека годинашниов гроздобер поминува без никакви проблеми.

-Од почетокот на гроздоберската сезона нема ни една пријава за проблеми при откупот на грозјето, ниту од производителите ниту, пак, од преработувачите на грозје. Се почитуваат договорените цени, истакна министерот Димовски.

- Можам да кажам дека смедеревката е многу барана годинава, се почитува договорената основна цена од 11 денари за килограм, а согласно на шеќерните единици цената оди нагоре. Иако можно е да се очекува грозјето од оваа сорта да постигнува и поголеми цени, рече министерот Димовски.

Министерот Димовски исто така рече дека редовно контактираат со производителите и со преработувачите на грозје. Тој потенцираше и дека е регистриран зголемен извоз на вино.


Министерот Димовски на саемот за свежо овошје и зеленчук - Светот на храната
Дата на објава: 
17 Септември 2013
jpg

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчo Димовски денеска го посети Саемот за свежо овошје и зеленчук – Светот на храната кој се одржува секоја година од 16-20 септември во Москва.

Саемот е поставен на вкупна површина од 56.240 м2 и преставува одлична можност за воспоставување на бизнис односи помеѓу  субјектите на  двете земји.

Со поддршката на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство оваа година учествуваат познати 12 компании, меѓу кои Агро-лозар, Вега Мак, Туран, Хина, Бонум, Витаминка, Кадино индустри, Коро, Агрофруктус итн. Поддршката се обезбедува за поорганизиран настап на најизвезуваните македонски земјоделски производи - квалитетното македонско вино и свежиот и преработен зеленчук и овошје на пазари на кои е недоволно промовирано македонското земјоделско производство.

Министерот Димовски го посети македонскиот штанд каде што се сретна со македонските изложувачи на саемот.


Средба на министерот Димовски со претставници на Долниот дом на Руската државна дума
Дата на објава: 
16 Септември 2013
555.jpg

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, заедно со амбасадорот на Република Македонија во Русија, Илија Исајловски и Директорот на Агенцијата за храна и ветерина, Дејан Рунтевски,  денеска во Русија оддржаа состанок со претставници на Долниот дом на Руската државна дума предводени од Роман Кудјаков, ополномоштен претставник на политичката партија на Либерална демократска партија на Русија за меѓународни односи, Кирил Черкасов, прв заменик на претседателот на комтетот за земјоделство и Иван Абрамов, член на комтетот за регионална политика и за прашањата поврзани со Северен и Далечен Исток.

Средбата беше во функција на унапредување на парламентарната соработка преку конкретни проекти во областа на земјоделството.


Презентација на македонските вина на кинескиот пазар
Дата на објава: 
13 Септември 2013

Македонските вина од пет винарии се презентираа на саемот кој од денеска 13 септември се организира во шест милионскиот Хефеи главен град на кинеската провинција Анхуи. Саемот преставува одлична можност за промоција на вината на Тиквеш, Сковин, Далвина, Дудин и Еземит на 80 милионскиот пазар на оваа кинеска провинција.

Во насока на поддршка на пласманот на македонските вина на големиот кинески пазар, како дел од осмиот Форум за трговска и економска соработка во земјоделството помеѓу Кина и земјите на централна и источна Европа, македонската страна предводена од државниот советник во Министервото за земјоделство, шумарство и водостопанство Перица Иваноски оствари повеќе корисни средби.


Презентиран мастер планот на Сахара за проектот млекарница
Дата на објава: 
6 Септември 2013
6795.jpg

На денешниот состанок во министерството за земјоделство, претставниците на Сахара Пјур го презентираа мастер планот за проектот пред министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, претставници од Агенцијата за храна и ветерина, од Министерството за транспорт и врски, од Агенцијата за просторно планирање, градоначалникот на Лозово и Свети Николе, како и Виктор Мизо, директор на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони. Каде ќе бидат сместени капацитетите на млекарницата, каков е планот за спроведување на проектот, со каква технологија ќе функционира млекарницата, каде ќе бидат сместени 20-те илјади грла говеда, каде ќе се произведува сточната храна? На сите овие прашања денеска дадоа одговор од Сахара Пјур за проектот Сахара млекарница во Македонија.


Syndicate content