Новости

Министерот Димовски на зажнејување ориз на традиционален начин во Кочани
Дата на објава: 
29 Септември 2013
JPG

Со зажнејување ориз на традиционален начин со срп, презентација на земјоделски машини, домашни ракотворби и јадења подготвени од ориз денеска продолжи 22. Меѓународна манифестација „Денови на кочанскиот ориз“.

На оваа стопанско-културна манифестација денеска присуствуваше и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски.

- Производството на ориз во Република Македонија е со долга традиција на одгледување. Значењето е многукртано бидејќи ги задоволува во целост потребите на домашниот пазар, извозно е ориентиран и ангжира многубројна работна сила во производството и доработката. Производството на ориз бележи константен пораст на површините и количините од 2008 до 2013 година. Во овој период е забележано зголемување од околу 80 отсто, а на количните на произведен ориз за околу 50 проценти, истакна министерот Димовски.


Резултатите над очекуваното од пробното производство на турските сорти ориз
Дата на објава: 
28 Септември 2013
JPG

Резултатите од проектот за пробното производство на турски сорти ориз во Кочанско се над очекуваното. Квалитетот на зрното е подобар, даваат поголем принос и порано зреат.

Ова го оцени министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски при денешната посета во Кочани во чии рамки присуствуваше на презентацијата на новите сорти ориз во Земјоделскиот институт.

- Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство го прифати проектот на Турската агенција ТИКА и пролетва на површини под ориз од 5 декари на Земјоделскиот институт се насеани 9 турски сорти ориз. Исто така на површините на 20 земјоделци во Кочанско се насеани пробни колични на турски сорти ориз, истакна министерот Димовски.

Тој додаде дека соработката ќе продолжи како проект и идната година и ако се потврдат очекувањата во приносите и квалитетот ќе продолжи производството.


Министерот Димовски на проектот на УСАИД за адаптација на земјоделството кон климатските промени
Дата на објава: 
26 Септември 2013
JPG

Од климатските промени чие негативно влијание Македонија веќе го чувствува, загрозени се поважните земјоделски региони и стратегиските култури, додека проценките за економските штети се загрижувачки, рече денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски.

По  завршувањето на есенската кампања на Караванот за климатски промени во Свети Николе, министерот Димовски нагласи дека земјоделството е меѓу најранливите економски сектори од овој аспект.

Идниот период, најави, министерството ќе се фокусира на креирање соодветни политики и дефинирање мерки за прилагодување кон климатските промени.


Министерот Димовски во посета на Водостопанство „Прилепско Поле“
Дата на објава: 
25 Септември 2013
photo.JPG

Министерот за земјоделство Љупчо Димовски денеска направи увид на тековната работа на чистењето на големиот канал Блато во Прилепско.

- Ако населението од околните села е задоволно, мора да бидам и јас. Може да се гарантира дека нема да има поплавување ниту на земјоделските површини, ниту на селата. Следните 7-8 километри од каналот кои ги планира прилепското водостопанско претпријатие „Прилепско поле “ за чистење в година, треба да бидат ставени во програмата на министерството за да ги финансира. Програмата што ќе се изготви кон крајот на годинава ќе биде претставена пред владата за да се исчистат нови 140 километри од каналската мрежа во земјава, изјави министерот Димовски.


Средба на министерот Димовски со кинеска делегација
Дата на објава: 
24 Септември 2013
P9240203[1].JPG

 

Министерот за земјоделство Љупчо Димовски,  денеска одржа состанок со кинеска делегација предводена од градоначалникот на градот Намчун, во провинцијата Фичуан, г. Xiang Dong и амбасадорот на Народна Република Кина во Република Македонија г.Cui Zhiwei. Провинцијата Фичуан претставува една од најразвиените провинции во делот на земјоделството, посебно во сточарството и одгледувањето на свилени буби и производство на свила, од каде всушност доаѓа и името на главниот град Нанчун ( Престолнина на свилата).

 

На средбата, гостите изразија голем интерес за инвестирање на кинески компании во земјоделскиот сектор. Во Македонија се дојдени за поблиску  да  се запознаат со условите за инвестирање во сточарството, во преработувачката индустрија, во делот на преработки од месо и преработка на ориз, во производството на свила, а секако го истакнаа и македонското вино кое веќе станува препознатливо на нивниот пазар. Поради добрата местоположба на Република Македонија ги разгледуваат можностите за отварање на претставништа на кинески фирми во слободните економски зони.


Syndicate content