Дата на објава:
19 Октомври 2013Мајсторите за варење ракија од валандовски регион по 13 – ти пат ги покажаа своите вештини во подготовка на традиционалната домашна ракија. 40 натпреварувачи поделени во 20 екипи со исто толку казани си ги одмерија силите и се потрудија да го покажат најдоброто. Велат печењето не е тешко, но неможе секој да го работи. За добрата ракија најважен бил квалитетот на грзојето, но имало и мали тајни кои мајсторите никогаш не ги откриваат до крај.
„Тајната не треба да се открие, ама нешто ќе откриеме. Ракијата се прави 90% од вранец и 10% бело зимско, тоа е нашиот рецепт“ - рече учесник на ракијадата.
„Грозјето што ќе се набере да биде здраво, чисто, квалитетно, кумињето треба да одлежи едно 20 дена и да преврие“ - рече друг учесник на ракијадата.
И оваа година на валандовската ракијада со која на сиболичен начин се означува крајот на бербата на грозјето присуствуваше министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Љупчо Димовски .