Дата на објава:
28 Ноември 2013Министерот за земјоделство, Љупчо Димовски и Амбасадорот на Европската комисија во Република Македонија денеска ја посетија Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, каде одржаа состанок со директорот на Платежната агенција, Тони Димовски.
Професионални, добро екипирани служби, квалитетни проекти и иницијативи од страна на фармерите кои речиси не веруваат дека може да добијат пари од ЕУ, се препораките од евроамбасадорот Аиво Орав за што поголемо искористување на ИПАРД фондовите.
- Парите од ЕУ се повеќе теоретски зашто нема земја во ЕУ или држава кандидат за членство која може да апсорбира 100 отсто од средствата. Но, вашата цел би требало да биде повлекување што повеќе, блиску до 100 проценти, изјави Орав по денешната посета на Платежната агенција.
Според него, земјоделството има многу важна улога за државата и од тие причини е особено битно помошта од ЕУ што им се дава на фармерите за модернизација да биде ефикасно и добро искористена.