Уредба за директни плаќања за произведена и предадена оризова арпа од реколта 2015 година
Дата на објава: 
30 Јуни 2016

Врз основа на член 47 став (6) од Законот за земјоделство и рурален развој („Службен весник на Република Македонија“ бр.49/10, 53/11, 126/12, 15/13, 69/13, 106/13,  177/14, 25/15, 73/15, 83/15, 154/15, 11/16 и 53/16), Владата на Република Македонија, на седницата, одржана на 24.06. 2016 година, донесе

У Р Е Д Б А

ЗА ДОПОЛНУВАЊЕ НА УРЕДБАТА

ЗА ПОБЛИСКИТЕ КРИТЕРИУМИ ЗА ДИРЕКТНИ ПЛАЌАЊА,

КОРИСНИЦИТЕ НА СРЕДСТВАТА, МАКСИМАЛНИТЕ ИЗНОСИ И

НАЧИНОТ НА ДИРЕКТНИТЕ ПЛАЌАЊА ЗА 2016 ГОДИНА

Член 1

Во Уредбата за поблиските критериуми за директните плаќања, корисниците на средствата, максималните износи и начинот на директните плаќања за 2016 година („Службен весник на Република Македонија“ бр.2/16, 27/16, 50/16, 68/16, 99/16 и 112/16) во членот 2 ставот (2) по подмерката 1.18. се додава нова подмерка 1.19. која гласи:

 

(Уредбата е објавена во Службен весник бр. 121 на 30.06.2016 година)

Додаток за превземање: 

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА за воведеното ограничување за движење на лица во шумите и шумските појаси
Дата на објава: 
6 Јули 2016
pelister.jpeg

1. Се воведува ограничување на движењето на сите лица во шумите и шумските појаси за  периодот од 06.07.2016 година до 15.08.2016 година во термин од 7,00 часот наутро до 17,00 часот попладне (освен ако лицето нема добиено соодветна дозвола од Јавното претпријатие за стопанисување со државните шуми “Македонски шуми“ и субјектите кои управуваат со заштитените подрачја).

Ова ограничување не важи за вработените во Јавното претпријатие за стопанисување со државните шуми “Македонски шуми“ и субјектите кои управуваат со заштитените подрачја.

Во периодот од 17.00 часот попладне до 7.00 часот наутро дозволено е движење на сите лица во шумите и шумските појаси заради одмор и рекреација на сопствена одговорност за својата безбедност и обврската за ненанесување на штети на шумата (палење на отворен оган во шума и др).


СООПШТЕНИЕ ЗА КАНДИДАТИТЕ ЗА ПОЛАГАЊЕ ЛОВЕЧКИ ИСПИТ НА 11.07.2016 ГОДИНА
Дата на објава: 
21 Јуни 2016

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја информира јавноста дека, согласно Законот за ловството - член 58 и 58-з, закажа полагање на ловечки испит на ден 11.07.2016 година (понеделник).

Полагањето на ловечкиот испит ќе се одржи во просториите на испитниот центар „АСЕКО” ул. Христо Смирненски” бр.30, Скопје (позади Универзална Сала).

Списоците со кандидатите за полагање на ловечкиот испит за 11.07.2016 година, се наоѓаат во додатоците за превземање.

Право за полагање имаат само кандидатите кои се објавени на списоците на веб-страната на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Кандидатите  задолжително со себе да  понесат документ за идентификација (лична карта или пасош).

Додаток за превземање: 
Додаток за превземање: 
Додаток за превземање: 
Додаток за превземање: 
Додаток за превземање: 

Министерот Цветков го пушти во употреба системот капка по капка за производство на ориз
Дата на објава: 
14 Јуни 2016
Foto.png

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков на пригоден начин на оризовите полиња во кочанско го пушти во употреба системот капка по капка за производство на ориз. Со тоа беше означен стартот на проектот „Одржливо производство на ориз во кочанско“, кој е во рамките на проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси, кофинансиран од Владата на Швајцарија, а денеска беше демонстрацијата на еден од првите два система за наводнување капка по капка за производство на ориз во Македонија.  

-Ова е проект на УСАИД за експанзија на мали бизниси во чии рамки го означуваме почетокот на новата иницијатива за рурален развој „Одржливо производство на ориз“ преку која оваа година експериментот е обезбеден токму на оризовите полиња на Институтот за ориз во Кочани, рече Цветков.


Рекордни приносите на пченица
Дата на објава: 
27 Мај 2016
foto.jpeg

Домашното производство на пченица годинава ќе биде рекордно и првпат ќе покрие поголем дел од вкупните потреби. Засеани се околу 80.000 хектари или 10.000 повеќе од лани, а се очекува принос од најмалку 240.000 тони.

Производителите бараат откупната цена да биде минимум 11 денари за килограм и, како што рекоа денеска на традиционалната манифестација „Ден на пченицата“, засилени инспекциски контроли поради шверцот со сертифицираното семе.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков нагласи дека земјоделците ќе добијат најмалку цена која ќе им ги покрие трошоците и ако има потреба, во оваа насока ќе се искористат можностите од Законот за земјоделство и рурален развој според кој, откупната цена не може да биде пониска од производната.

- Имајќи ги предвид добрите временски услови, пченицата одлично напредува. Очекуваме рекорден род од просечни 3.000 тони на хектар ако до жетвата останат поволни временските услови, истакна Цветков.


Syndicate content