Дата на објава:
6 Декември 2013Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Димовски и министерот без ресор, задолжен за странски инвестиции Џери Наумоф, денес се сретнаа со претставници од компанијата НИР од Израел, која се занимава со производство и преработка на земјоделски производи. Во Македонија се дојдени за поблиску да се запознаат со можностите за производство, откуп преработка и извоз на јаткасти овошни производи и проширување на нивната дејност во Република Македонија.
На средбата, гостите изразија голем интерес за вложување во земјоделскиот сектор, подигање на нови овошни насади, за инвестирање во преработувачката индустрија, како и во откупно дистрибутивен центар.