УРЕДБА за постапката за доделување на финансиска поддршка за складирање на земјоделски производи
Дата на објава:
15 Јули 2016Врз основа на член 44 став (2) од Законот за земјоделство и рурален развој („Службен весник на Република Македонија“ бр.49/10, 53/11, 126/12, 15/13, 69/13, 106/13, 177/14, 25/15, 73/15, 83/15, 154/15, 11/16, 53/16 и 120/16), Владата на Република Македонија на седницата одржана на ден 06.07.2016 година, донесе
У Р Е Д Б А
за постапката за доделување на финансиска поддршка за складирање на земјоделски производи
Член 1
Со оваа уредба се уредува постапката за доделување на финансиска поддршка за складирање, корисниците, висината на поддршката, условите за складирање, потребната документација, видот и квалитетот на пченицата од домашно производство и на други земјоделски производи за кои согласно член 37 од Законот за земјоделство и рурален развој се однесуваат интервенциските мерки.
(Уредбата е објавена во Службен весник бр. 126 на 08.07.2016 година)