Дата на објава:
21 Септември 2010Продолжува акцијата за сузбивање на боровиот четник која вчера беше прекината поради влошување на временските услови. Во раните утрински часови, Министерството за земјоделство во соработка со Катедрата за заштита на шумите при Шумарскиот факултет, утре, во штипскиот регион, ќе врши уништување на боровиот четник со авиотретирање.
Според програмата, акцијата ќе се спроведе на локалитетите Сушево, Криви Дол, Благово, Бурилски Рид, Кадрифаково – Богословец, Милино, како и во месноста Поглед-Малински Пат и Ѓуриште.
Акцијата за уништување на гасениците од боровиот четник според утврдената динамика, треба да се реализира и во Свети Николе, Велес, во Демир Капија, Кавадарци и во Кумановско.
За подетални информации за спроведувањето на акцијата, населението ќе биде информирано преку локалните медиуми.