- Министерство
- За министерството
- Односи со јавност
- Документи
- Органско производство
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
НовостиИзвестување
Дата на објава: 31 Декември 2013Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја известува јавноста дека може да се изврши Јавен увид во Годишната програма за продажба на земјоделско земјиште во државна сопственост за 2013 година. Јавниот увид во Годишната програма за продажба на земјоделско земјисте во државна сопственост за 2013 година може да се изврши на веб страницата на министерството www.mzsv.gov.mk или во просториите на подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство почнувајки од 31.12.2013 година заклучно со 29.01.2014 година. Додаток за превземање: Брендирани вински продавници во девет македонски градови
Дата на објава: 29 Декември 2013Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе кофинансира отворање на 10 специјални вински продавници со површина од 30 до 100 метри квадратни во кои ќе се продаваат македонски вина и ќе бидат препознатливи дека се брендирани од државата. За таа намена ќе одвои 10 милиони денари од Програмата за рурален развој. Огласот наскоро ќе биде објавен, а првите продавници ќе се отворат во Скопје две и по една во Охрид, Берово, Кавадарци, Штип, Струмица, Прилеп, Битола и Крушево, градовите во кои има најмногу туристи. Отворена подрачна канцеларија на Министерството за земјоделство во Вевчани
Дата на објава: 28 Декември 2013Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија денеска отвори подрачна единица во општина Вевчани. Отворањето на оваа подрачна единица, како што истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, е резултат на беспрекорната соработка со градоначалникот на општината Цветомир Угриноски, како и со сите луѓе од овој регион кои се заинтересирани за земјоделството. - Посветуваме големо внимание на Вевчани, кое има големи потенцијали за производство на добри земјоделски производи, за развивање на земјоделскиот сектор, за преработувачки капацитети, ама истовремено е бисер на руралниот туризам во Македонија и заслужува внимание, не само преку отварање подрачна канцеларија, туку и конкретна финансиска поддршка во делот на развојот на сите програми што ги има зацртано градоначалникот, изјави министерот Димовски. Македонија и Албанија ја интензивираат соработката во земјоделството
Дата на објава: 16 Декември 2013Зголемување на размената во земјоделството преку интензивна соработка меѓу надлежните институции и бизнис заедниците од двете земји, договорија денеска ресорните министри на Македонија и Албанија Љупчо Димовски и Едмонд Панарити. Димовски и Панарити на средба во Скопје се согласија дека се неопходни засилени мерки за заштитата на охридската пастрмка. Ќе се спроведуваат ригорозни контроли на риболовот од албанска страна, но и заеднички иницијативи за зачувување на биодиверзитетот во Преспанското езеро. - Македонија и Албанија во делот на земјоделството немаат отворени прашања, ниту какви било проблеми, но соработката мора да се унапреди зашто размената е многу мала. За таа цел ќе формираме работна група преку која ќе се координираат натамошните институционални активности, рече министерот Димовски на прес-конференција по средбата. Министерот Димовски на научен собир за пчеларство на Факултетот за земјоделски науки и храна
Дата на објава: 14 Декември 2013Производството на мед во Македонија не е на посакуваното ниво, нема доволно количини за задоволување на основните потреби, а потфрла и квалитетот. Како што беше речено на денешниот научен собир на Факултетот за земјоделски науки и храна (ФЗНХ), пчеларството треба да се земе предвид многу сериозно со оглед на неговата економска, стопанска важност. Според министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, за подобрување на состојбата во пчеларството кај нас, неопходно е користење контролиран и селектриан репроматеријал, матици и роеви, организирано системско засадување медоносни растенија, едногодишни и повеќегодишни кои цветаат во т.н. безпашни периоди заради континуирано обезбедување нектар, како и интензивирање на селидбеното пчеларење. |