Цветков: Со законските измени ќе се надминат проблемите во лозарството
Дата на објава: 
3 Септември 2016
mihail -cvetkov.jpg

Направени се измени во Законот за вино кои поминаа на Влада и се очекува дека по скратена постапка следната недела ќе поминат во Собрание. Со нив ќе се олесни наплатата на побарувањата кои ги имаат лозарите за предадено грозје и ќе се надминат одредени проблеми што се јавуваа кога грозјето се продаваше на откупувачи кои вршеа откуп во име на одредени винарници.

Ова денеска го соопшти министерот за земјоделство Михаил Цветков кој во Кавадарци оствари средба со лозарите.

 


ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПОЛАГАЊЕ НА ИСПИТ ЗА ДОБИВАЊЕ НА УВЕРЕНИЕ ЗА РИБОЧУВАР И НА УВЕРЕНИЕ ЗА ВРШЕЊЕ СТОПАНСКИ РИБОЛОВ
Дата на објава: 
2 Септември 2016

Се известуваат сите заинтересирани кандидати дека на 21 Септември 2016 година, со почеток во 10:00 часот во просториите на Испитниот Центар на ул. Христо Смирненски бр.30 ламела 1, Скопје ќе се одржи полагање на теоретскиот дел од петтиот испит за добивање уверение за рибочувар.

 

Истиот ден (21 Септември 2016 година), со почеток во 14:00 часот во просториите на Испитниот Центар на ул. Христо Смирненски бр.30 ламела 1, Скопје ќе се одржи полагање на вториот испит за добивање на уверение за  вршење стопански риболов (теоретски дел).

 

Барањата за полагање на двата испита (за уверение за рибочувар и за уверение за вршење на стопански риболов) со потребните докази може да се поднесат до Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство најдоцна до понеделник 12.09.2016 година.


Цветков присуствуваше на порибување на Охридското Езеро со подмладок на ендемична пастрмка
Дата на објава: 
1 Септември 2016
Poribuvabje.jpg

Министерот за земјоделство, водостопанство и шумарство, Михаил Цветков денеска во Охрид присуствуваше на порибувањето на Охридското Езеро со подмладок на ендемичниот вид охридска пастрмка.

- Согласно Законот за рибарство и аквакултура обврска на државата е порибување на природните езера, од што најголемо внимание посветуваме на Охридското Езеро и зачувување на охридската пастрмка, рече Цветков, истакнувајќи дека за таа намена оваа година се издвоени 10 милиони денари.

Одгледувањето на подмладокот го врши Хидробиолошкиот завод, кој согласно договорот обврзан е да изврши порибување на езерото со 2,5 милиони единки охридска пастрмка.


ИЗВЕСТУВАЊЕ за полагање испит за стопански риболов и за рибочувар
Дата на објава: 
31 Август 2016

Испитот за добивање уверение за стопански риболов ќе се одржи на ден 06.09.2016 година со почеток во 10 часот во просториите на испитниот центар “АСЕКО“ на ул. Христо Смирненски бр.30 ламела 1.

 

Испитот за добивање уверение за рибочувар ќе се одржи на ден 06.09.2016 година со почеток во 12 часот во просториите на испитниот центар “АСЕКО“ на ул. Христо Смирненски бр.30 ламела 1.

 

Кандидатите на денот на полагање задолжително да поседуваат документ за идентификација (лична карта).

Списоците со кандидати се во додатоците за превземање.


ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПОЛАГАЊЕ НА ИСПИТ ЗА ДОБИВАЊЕ НА УВЕРЕНИЕ ЗА ВРШЕЊЕ СТОПАНСКИ РИБОЛОВ И ЗА РИБОЧУВАР
Дата на објава: 
10 Август 2016

Се известуваат сите заинтересирани кандидати дека на 6 Септември 2016 година, со почеток во 10:00 часот во просториите на Испитниот Центар на ул.Христо Смирненски бр.30 ламела 1, Скопје ќе се одржи полагање на теоретскиот дел од испитот за добивање на уверение за  вршење стопански риболов.

 

Барањата за полагање со потребните докази може да се поднесат до Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство најдоцна до понеделник 22.08.2016 година.

 

Се известуваат кандидатите кои го имаат положено теоретскиот дел од  испитот за добивање уверение за рибочувар (одржан на 01.07.2016  година) дека на 6 Септември 2016 година, со почеток во 12:00 часот во просториите на Испитниот Центар на ул.Христо Смирненски бр.30 ламела 1, Скопје ќе се одржи полагање на практичниот дел од испитот.

На денот на полагање кандидатите задолжително да поседуваат документ за идентификација (лична карта).

 


Syndicate content