Министерот Димовски присуствуваше на манифестацијата "Денови на кочанскиот ориз 2010"
Дата на објава:
10 Октомври 2010Министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, присуствуваше на зажнејувањето на оризот на традиционален начин, која во кочанското село Грдовци се одржа како централен дел од манифестацијата ,,Денови на кочанскиот ориз,,.
Според него, оваа манифестација е одлична можност за туристичка презентација на овој крај, во регионот и во Европа. Во прв ред, додаде тој, станува збор за добра можност за развој на руралниот туризам. Потврда за ова, како што истакна министерот Димовски се големиот број домашни посетители и гостите од соседните земји и од Русија
Тој ги разгледа изложбите на традиционални земјоделски алатки и машини, на домашни ракотворби, како и на традиционални јадења од ориз.
Во рамки на манифестацијата ,,Денови на кочанскиот ориз 2010,, која се одржа по 19 пат, беше прогласен и најдобриот земјоделец во Кочанско за годинава, на кого Општина Кочани му додели награда приклучна земјоделска машина.