Новости

Интервју на министерот Димовски за European Times
Дата на објава: 
13 Февруари 2014
15.jpg

European Times: Дали можете да дадете резиме на работата во земјоделскиот сектор во 2013година?


Езерата и реките под концесија за стопански и за рекреативен риболов
Дата на објава: 
9 Февруари 2014
slika press.JPG

Владата под концесија ќе ги даде рибите од водите на Преспанското, Тиквешкото и дел од Охридското Езеро како и водите на шест акумулации и повеќе сливови на реки. Постапката е почната. Повикот е објавен пред десетина дена и се однесува на три концесии за стопански риболов и 25 за рекреативен риболов. Концесиите се даваат на рок од шест години, а ќе бидат за првпат распределени по електронски пат.
Владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев на денешната заедничка прес-конференција со минситерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски рече дека ова придонесува кон економски развој и отворање нови работни места.
Еден од критериумите за избор на концесионер за рекреативен риболов, како што рече министерот Димовски, е вкупниот број членови на риболовните друштва, како и водењето грижа за одржување на рибниот фонд на одредено ниво.


Средба на министерот Димовски со амбасадорот на Р.Турција во Р.Македонија
Дата на објава: 
7 Февруари 2014
P2070033.JPG

Министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Љупчо Димовски денеска оддржа работен состанок со амбасадорот на Република Турција  во Македонија НЕ Ѓурол Сокменсуер .
На состанокот  се разговараше  за тековните активности и проекти кои се реализираат помеѓу  министерствата за  земјоделство и храна, и шумарство и водостопанство на Република Турција и Министерството за земјоделство на Република Македонија, кои  произлегоа од минатогодишната средба помеѓу министерот Димовски и министрите Мехди Екер и Вејсел Ероглу.
Сите договорени активности и проекти успешно се реализираат, а една од нив е напредокот во делот на водоснабдувањето и системите за наводнување. Искуството на турските експерти во делот на водоснабдувањето и препораките и насоките кои ги добивме од нив ги ставивме во нашата програма за реорганизација на водостопанските претпријатија истакна министерот Димовски.


Средба на министерот Димовски со францускиот амбасадор Оер
Дата на објава: 
31 Јануари 2014
23.JPG

Министерот за земјоделство Љупчо Димовски,  денеска одржа состанок со амбасадорот на Франција во Република Македонија НЕ Лоранс Оер.

Амбасадорката Оер  истакна дека до амбасадата постојано стигнуваат барања за соработка во областа на земјоделството, а посебно во делот на винарството и сточарството. Таа рече дека Франција и Македонија имаат што да понудат во областа на винарството. – Не сакаме да соработуваме само во комерцијална смисла, туку и во креативниот дел и би сакала да ја истакнам нашата беспрекорна соработка со Винарската визба Тиквеш во областа на енологијата – рече амбасадорката Оер.

На средбата со министерот Димовски дојде со конкретно барање од Регионалното европско здружение за винарство од Франција, кое е здружение на региони на европско ниво, за соработка и членување на македонските здруженија за вина од Македонија.


Реализација на проекти од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој
Дата на објава: 
27 Јануари 2014
 Николе.jpg

Општина Свети Николе денеска почна со реализација на три проекта од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој кои предвидуваат доизградба на канализациона мрежа во с.Горобинци, изградба на локален пат од с.Кнежје до археолошки локалитет Билазора и локален пат од с.Немањици до вештачко езеро Мавровица, како и  изградба и уредување на јавни зелени површини за одмор и рекреација во селата Кадрифаково, Мустафино, Ерџелија, Амзибегово, Пеширово и Немањици.
За доизградба на канализациона мрежа во с.Горобинци се обезбедени 5,7 милиони денари, за локалните патишта обезбедени се 11,5 милиони денари, а за изградба и уредување на јавни зелени површини за одмор и рекреација обезбедени се 7,3 милиони денари.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, кој присуствуваше на настанот, истакна дека во изминатите пет години преку оваа програма реализирани се 19,5 милиони евра и асфалтирани се околу 200 километри локални патишта и околу 180 улици.


Syndicate content