Традиционални македонски производи на Саем во Париз
Дата на објава: 
18 Октомври 2016
pariz 2.jpg

Македонски ајвар, лутеница, макало, полнети гамби со сирење и други конзервирани производи од овошје и зеленчук произведени во Македонија се дел од палетата прехранбени производи што се презентираат на годинашното издание на Саемот „СИАЛ“ во Париз.

Македонските производители од Македонската асоцијација на преработувачи на овошје и зеленчук (МАП) на саемот настапуваат под слоганот „Вкусот на Македонија“, а заедничкиот штанд е дизајниран во насока на препознатливост на Македонија како земја со вкусна храна, природни убавини, богата традиција и добра дестинација за започнување и развој на бизниси.


Младите земјоделци заинтересирани за мерките против климатските промени
Дата на објава: 
12 Октомври 2016
133383798.jpg

Помладите земјоделци се заинтересирани за користење на мерките за адаптација кон климатските промени и делуваат проактивно во оваа насока, додека постарите даваат своевиден отпор, сметајќи дека инвестицијата во потребната технологија ќе ја зголеми цената на крајниот производ, беше речено на денешниот промотивен настан од проектот „Локална акција за глобална климатска адаптација“.

Според Кирил Ристовски од Центарот за еколошка демократија „Флорозон“, ставовите полека се менуваат, но со претходно детално објаснување за тоа што значи примената на новата технологија.

 

- Неопходно е да се усвои програма за едукација на земјоделците за поефикасно користење на расположливите мерки што ги нуди државата за да се излезе во пресрет на проблемите во производството предизвикани од климатските промени, изјави Ристовски.


Субвенции од два денара за килограм за откупено грозје „смедеревка“
Дата на објава: 
6 Октомври 2016
Pres.png

Винарските визби кои ќе откупат грозје од сортата „смедеревка“ ќе добијат субвенции од два денара за килограм. Мерката е донесена на вчерашната владина седница и со неа се очекува да бидат откупени преостанатите количини од оваа сорта.

 

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков денеска на прес-конференција истакна дека според нивните сознанија не се собрани уште 20 до 30 милиони килограми грозје од сортата „смедеревка“.

 

Субвенции ќе може да добијат оние винарски визби кои се запишани во регистарот и кои ги имаат подмирено финансиските обврски кон производителите. Тие ќе треба да откупат минимум еден милион и 500 илјади килограми грозје од оваа сорта.

 

Смедеревката, како што рече Цветков, ќе се откупува согласно договореното, односно 11 денари за 17 шеќерни единици. Ако грозјето е со повеќе од 17 шеќерни единици, тогаш откупната цена ќе биде повисока за 0,65 денари, а доколку е пониска, цената ќе се намали за 0,65 денари.

 


Почна бербата на Преспанското јаболко
Дата на објава: 
27 Септември 2016
Prespa.jpg

Со симболично откинување на првото јаболко на овоштарникот на Свислион Агроплод денеска, на верскиот празник Крстовден, официјално почна годинашната берба на Преспанското јаболко во рамки на манифестацијата „Преспански јаболкобер“.

 

Традиционалниот почеток на бербата го означија министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков и градоначалникот на општина Ресен Ѓоко Стрезовски.

 

Поради ниските температури кои го зафатија Преспанскиот регион на крајот од април родот со јаболки е преполовен во однос на минатите години, односно се очекува да се соберат околу 50.000 тони јаболка. Околу 2.700 хектари јаболкови насади беа зафатени од мразот, а родот е оштететен од 20 до 100 проценти.

 

Ресорниот министер Цветков повторно ги повика земјоделците да ги осигураат насадите потсетувајќи на субвенционирањето од 60 отсто на осигурителната полиса од страна на Владата.

 


СООПШТЕНИЕ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА ПОЛАГАЊЕ НА ИСПИТ ЗА ДОБИВАЊЕ НА ЛИЦЕНЦА ЗА ПРОЦЕНА НА ТУТУН
Дата на објава: 
23 Септември 2016

Пријавувањето на заинтересираните кандидати за полагање испит заради добивање на лиценца за процена на тутун ЗАПОЧНУВА НА 26.09.2016 година и ЗАВРШУВА ЗАКЛУЧНО СО 17.10.2016 година, а ПОЛАГАЊЕТО НА ПРВИОТ ДЕЛ ОД ИСПИТОТ ЌЕ СЕ ОДДРЖИ НА 28 октомври 2016 година.

 

Заинтересираните кандидати за полагање на испит за добивање на лиценца за процена на тутун треба да достават потпишано барање до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на адреса: ул.Аминта Трети бр.2, 1000 Скопје, кое се наоѓа во додатокот за превземање.

Во прилог на барањето (во кое се наведуваат адресата на живеење и контакт телефон) треба да се приложат следните потребни документи:

1. Диплома за завршено високо, вишо или свидетелство за завршено средно образование од областа на технологијата за производство и обработка на тутун (заверена на нотар)

2. Кандидатите кои немаат соодветно образование треба да приложат најмалку свидетелство за завршено средно образование и копија од М1/М2 образец со податоци за работниот стаж и тоа за:


Syndicate content