Дата на објава:
13 Февруари 2014Eкономски.мк: Рамковната конвенција за контрола на тутунот, која е усвоена од Светската здравствена организација препорачува намалување на површините со тутун. Земјава не е обврзана да го прави тоа, но и останате земји, и покрај тоа што не се обрзани ги намалуваат површините. Дали тутунарите се безбедни дека и натаму ќе имаат работа и егзистенција за своите семејства?
Љупчо Димовски: Владата и министерството за земјоделство остануваат на ставот дека ќе се задржи производството на ориентален тутун и нема да има намалување на површините на кои се произведува тутун. На производството на тутунот, како идустриско-земјоделска култура, Владата посветува особено внимание од повеќе аспекти, социјален, економски и финансиски. Истовремено, што е особено битно, во производството на ориенталниот ситнолистен тутун се вклучени околу 40.000 семејства, или 180.000 производители што е 18,6% од вкупната работна сила во РМ, за кои тутуно производството претставува единствена егзистенција.