Отворен македонскиот павилјон во Зоната за слободна трговија во Шангај
Дата на објава: 
3 Ноември 2016
133417830.jpg

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков свечено го отвори македонскиот национален павилјон во Зоната за слободна трговија во Шангај. Павилјонот е постојан изложбен простор за македонските земјоделско прехранбени производи во Шангај.

 

За време на свеченоста беше промовирано и македонското вино и беа претставени потенцијалите на овој сектор.

 

Во разговорите со високите претставници на бесцаринската зона за следниот период беа договорени интензивни промотивни активности на повеќе македонски прехранбени производи на кинескиот пазар.

 

Отворањето на македонскиот павилјон претставува уште една шанса за подобрување на трговската размена со Кина и повеќемилионскиот Шангај.


СООПШТЕНИЕ за полагање на вториот (практичен) дел од испитот за добивање на лиценца за процена на тутун
Дата на објава: 
3 Ноември 2016

Полагањето на вториот (практичен) дел од испитот за добивање на лиценца за процена на тутун ќе се оддржи во салата за состаноци во НАУЧЕН ИНСТИТУТ ЗА ТУТУН ПРИЛЕП со седиште на ул. Кичевска бр.ББ, Прилеп на 16 ноември 2016 година, со почеток од 11 часот.

 

Се известуваат кандидатите на кои им е потребна обука во познавањето на тутунската суровина  дека на 15 ноември од 10 до 15 часот во просториите на Научен Институт за тутун Прилеп  може да побараат помош од  д-р Ана Корубин Алексоска и м-р Милан Смоквоски.

 

Списокот со лица за полагање на вториот (практичен) дел од испитот за добивање на лиценца за процена на тутун е во додатокот за превземање.


Министерот Цветков во Кина за промоција на македонското земјоделство
Дата на објава: 
1 Ноември 2016
cvetkov.jpg

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопантво Михаил Цветков од денеска до 6 ноември престојува во работна посета на Народна Република Кина.

 

Цветков ќе го отвори Македонскиот национален павилјон во Шангајската безцаринска зона во кој постојано ќе бидат изложени производи на околу 20 компании од земјоделско - прехранбениот сектор од Република Македонија.

 

Врз основа на претходно потпишаниот Договор, државната компанија  Директ Импортед Гоодс, која управува со зоната, треба да ги промовира македонските земјоделски и прехранбени производи кои на овој начин ќе станат подостапни до потрошувачите од големиот кинески пазар.

 

Изложувањето на производите на македонскиот павилјон, на кој ќе бидат најзастапени виното, преработките од овошје и зеленчук, органските и други производи, е договорено со кинеската страна да биде безплатно за домашните компании. Павилјонот ќе биде и простор кој ќе овозможи размена на информации за можностите за инвестирање, туризмот и културната размена меѓу Македонија и Шангај, односно Народна Република Кина.


СООПШТЕНИЕ за полагање на првиот дел од испитот за добивање на лиценца за процена на тутун
Дата на објава: 
21 Октомври 2016

Полагањето на првиот дел од испитот за добивање на лиценца за процена на тутун  ќе се одржи на 28 октомври 2016 година, од 12 до 14 часот, во просторијата бр. 2 од Испитниот Центар кој се наоѓа на ул. Христо Смирненски бр.30 ламела 1-Скопје (во близина на Универзална сала).

 

На денот на полагање на испитот, кандидатите треба да носат документ за идентификација (лична карта или патна исправа) и доказ за извршена уплата на надоместот за полагање на испит за добивање на лиценца за процена на тутун (уплатница).

 

Трошоците за полагање на испитот за добивање на лиценца за процена на тутун ги сноси кандидатот, а уплатата ја врши на следната сметка:

(Уплатницата и списокот на кандидати за полагање на испитот се наоѓаат во додатокот за преземање)


Работилница на тема „Фитосанитарната стратегија 2016 – 2020”
Дата на објава: 
21 Октомври 2016
images (1).jpg

На 21-ви и на 22-ри Октомври 2016 година во Берово, во соработка со италијанските партнери во рамките на Твининг проектот ИПА 2010 „Понатамошно јакнење на капацитетите на надлежните органи за безбедност на храна, ветеринарна и фитосанитарна политика“, се одржува работилница на тема „Фитосанитарната стратегија 2016 – 2020”. Целта на работилницата е анализирање на конечната нацрт верзија на стратегијата со цел нејзино одобрување.

 

Фитосанитарната стратегија претставува основа за понатамошен развој на надлежните органи за фитосанитарна политика и дефинирање на нивната улога во фитосанитарната област во наредните пет години. Во наредниот период, во рамките на правната регулатива на Европската Унија од фитосанитарната област, мисијата на сите учесници од надлежните органи за заштита на растенија се фокусира на пронаоѓање на соодветни решенија и одговори за ефикасно споведување на фитосанитарните политики, мерки и стандарди.

 


Syndicate content