Соопштенија

,,Ден на дрвото,,
Дата на објава: 
19 Ноември 2010
100_4340.JPG

Министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Љупчо Димовски денеска на местото викано ,, Горен,, во Кратово учествуваше на шестата акција за пошумување „Ден нa дрвото“ во која беа засадени седум милиони дрвца низ цела Македонија.

-Ова е голема граѓанска иницијатива подржана од Владата на Република Македонија со која сакаме да ја подигнеме колективната свест за зачувување и негување на шумското богатство. Како и во претходните акции очекувам голема излезност. Досега  беа засадени повеќе од 20 милиони садници. Ефектите, гледано по бројки се големи, а тоа го  потврдуваат и експертите по шумарство. За минатата година процентот на прифатеност изнесува околу 68,8 отсто - рече министерот Димовски.

Мотото на шестата по ред акција е  „Садиме заедно за нас


ПРЕДЛОГ НА ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОН ЗА ЗЕМЈОДЕЛСКО ЗЕМЈИШТЕ
Дата на објава: 
18 Ноември 2010

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство иницира постапка за изменување и дополнување на Законот за земјоделско земјиште(“Службен весник на Република Македонија“ бр.135/07), при што изготви и го објавува  на јавен увид текстот на Предлог на закон за изменување и дополнување на закон за земјоделско земјиште, по кој посетителите на интернет страницата на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство можат да ги доставуваат своите мислења и коментари на електронска пошта до одговорното лице за контакт: Ѓорѓе Дисленковиќ, e-mail: george.dislenkovic@mzsv.gov.mk


Соопштение
Дата на објава: 
14 Ноември 2010

Вицепремиерот Владимир Пешевски задолжен за економски прашања и министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Љупчо Димовски денеска  посетија неколку винарски визби во тиквешикиот регион.

Целта на посетата е од менаџерските тимови да се информираат за моменталната состојба во винарските визби,за откупените количества на винско грозје и пласман на виното на странскиот пазар.

Во винарската визба Повардарие од Неготино и Винеа од Росоман вицепремиерот Пешевски и министерот Димовски беа информирани дека пласманот на виното на странскиот пазар има позитивен тренд и се повеќе се извезува во Чешка,Полска и во Романија.

Мерките на Владата за субвенционирање на винарските визби за стимулирање на откупот на винското грозје според винарските визби даваат ефект, не само во пласманот на виното туку и за исплата на откупеното грозје.


Отворена манифестацијата ,,Ден на органско производство,,
Дата на објава: 
11 Ноември 2010
100_4248.jpg

Република Македонија ги следи современите светски текови во земјоделското производство. Радува фактот дека и органското земјоделство сега е важен, перспективен дел на одржливото производство, еколошки систем за управување, вградувајќи меѓународно поставени стандарди и принципи за рационално користење на природните ресурси. Ваквиот начин на производство меѓудругото обезбедува и заштита на биодиверзитетот, здравјето за сите живи организми, водејќи сметка за унапредувањето на здравјето на сегашните и идните генерации.Од година во година, во светски рамки, побарувачката на органски производи расте. Затоа, нашава земја, чекорејќи го патот кон Европската Унија го поддржува неговиот развој. Законската и позаконската регулатива од оваа област постојаното се надградува и усогласува со европската-рече министерот Љупчо Димовски по повод манифестацијата ,,Ден на органското производство,,


Нема доцнење во исплатата на субвенциите
Дата на објава: 
5 Ноември 2010

Исплатата на субвенциите се одвива според предвидената динамика и на тој план немаме проблеми. Во делот на директната финансиска поддршка на земјоделството и преку Програмата за рурален развој досега се исплатени приближно 45 милиони евра, што е скоро половина од планираните средства за оваа година. Според министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, целосно е завршена исплатата на произведеното и продадено кравјо млеко за последниот квартал од 2009 година и за периодот до април годинава, а во завршна фаза е и исплатата на субвенциите за производителите на јаболко.

 

Наскоро, додава тој, ќе почне исплатата за лозарите и за преостанатиот дел овоштари, како и за градинарското производство.


Syndicate content