Новости

Посета на министерот Димовски на Млекара „Здравје-Радово“
Дата на објава: 
31 Март 2014
 1.jpg

Млекопреработувачката идустрија е во подем. Владините политики и субвенциите во овој сектор го зголемија сточниот фонд, но и производството на млеко. Сето ова придонесе повеќе да нема нестабилност во производството на млеко ниту пак нестабилност во неговиот откупот истакна министерот Димовски. Според него посебно радува фактот  што покрај производството и самиот квалитет на млекото оди во нагорна линија.
„Веќе млекопроизводителите се свесни дека имаат сигурност, имаат сигурен партнер во министерството кое што води грижа за нивните интереси и тоа особено ни е драго. Од друга страна пак задоволство е да се слушне дека самите откупувачи на млеко веќе откупуваат од производителите млеко со повискока класа, со повисока категорија, не е сето тоа сеуште доволно, меѓутоа и тука е трендот во нагорна линија.“ рече министерот Димовски.


Министерот Димовски во посета на кланичен капацитет „Агриа“
Дата на објава: 
28 Март 2014
jpg

Проблемот со вишокот свинско месо е надминат. Сега ги утврдуваме политиките што треба да се спроведат во следниот период, изјави денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски.
По посетата на кланицата „Агриа“ во Велес, министерот Димовски напомена дека ниту една мерка или политика на Министерството не е случајна и се носи врз основа на претходни сериозни анализи во кои се вклучени сите од секторот. Воедно најави засилени контроли на увозот на замрзнато свинско месо. Посебно, како што рече, ќе се врши контрола на квалитетот и нема да се дозволи замрзнато свинско месо да се пласира како свежо.
- Целта на Министерството е зголемување на производство на свинско месо. Од 170.000 свињи, бројката достигна 300.000 што е голем напредок. Се зголемува и бројот на мали фарми со 50 до 100 грла. Работата на одгледувачите треба да биде координирана за да можеме да го заштитиме и унапредиме секоторт свињарство, рече министерот Димовски.


Работна средба на министерот Љупчо Димовски со директорот на Агенцијата за храна и ветерина, Дејан Рунтевски
Дата на објава: 
17 Март 2014
jpg

На македонскиот пазар се продава квалитетно млеко особено од домашно производство. Моментно постои дисбаланс меѓу понудата и побарувачката на свежо свинско месо, а извозот на јагнешко бележи благ пораст. Ова се заклучоците од денешниот работен состанок на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски и директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство  Дејан Рунтевски.

Како што информираа по средбата, досегашните испитувања на млекото не покажале ниту еден позитивен резултат на патогени или каква било неисправност, поради што бројот на мостри за анализа е намален, наместо еднаш неделно како досега, ќе се земаат еднаш во две недели.

- По аферата во Србија и регионот за афлатоксините, ситуацијата е под котрола. Секоја пратка млеко што доаѓа од овие подрачја се проверува и не се пушта во промет додека не се добијат задоволителни резултати, изјави директорот Рунтевски.


Министерот Димовски во посета на винаријата „Трајковски“
Дата на објава: 
15 Март 2014
jpg

Министерот за земјоделство Љупчо Димовски денеска ја посети винаријата „Трајковски“ во кавадаречкото село Крњево.
- Во изминатите години покажавме дека посветуваме огромно внимание на лозаровинарството. Формирањето на Асоцијацијата на винарии значи голем исчекор во развојот на овој сектор. Ние помагаме како на големите така и намалите винарии. Ги ускладивме количините на произведено грозје со потребите на винарниците. Континуирано се зголемува квалитетот на македонските вина, изјави министерот Димовски.
Тој нагласи дека за 50 проценти е зголемен извозот на наливно и за 10 отсто извозот на флаширано вино. Дневно во светот се наоѓаат по околу 60 илјади шишиња македонско вино.  - Им помагаме на винариите за нивно претставување на саеми, но и за подобар маркетинг при извоз на вино. Сево ова резултира со покачена цена како на наливното така и на флашираното вино, нагласи Димовски.


Министерот Димовски одржа предавање пред студентите на Факултетот за земјоделски науки и храна
Дата на објава: 
13 Март 2013
jpg

Студентите на Факултетот за земјоделски науки и храна денеска имаа можност директно од ресорниот министер Љупчо Димовски да слушнат за креирањето на македонската аграрна политика, состојбите во земјоделството, проблемите, нивното решавање, соработката со науката, производителите, преработувачите.
Министерот Димовски го почна предавањето со вовед за карактеристиките на нашето земјоделство во 60-тите години, во периодот на распаѓањето на Југославија и во времето на транзицијата. Потенцира дека земјоделските производители се најранливата категорија граѓани на кои треба многу да се внимава токму поради фактот што беа на работ на егзистенција. Неопходно е, нагласи, уште многу да се работи за подобрување на нивниот статус.


Syndicate content