Дата на објава:
9 Ноември 2016Во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство се одржа првата Национална округла маса за управување со шумски пожари. Овој настан е во рамките на активностите на Глобалниот Центар за следење на шумски пожари со седиште во Германија и Регионалниот Центар за следење на шумски пожари со седиште во Скопје- Р. Македонија.
Коорганинатор и домаќин е македонското министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
На рабитилницата присуствуваа претставници од домашни институции и организации кои се надлежни за управувањето со шумски пожари и тоа: ЈП Македонски шуми, Дирекција за заштита и спасување, Центар за управување со кризи, Министерство за одбрана, Министерство за внатрешни работи, ЈП за стопанисување со пасишта, Противпожарен сојуз на Македонија, ЈП Паркови и зеленило, како и од Глобалниот и Регионалниот Центар за следење на шумски пожари.