Дата на објава:
9 Јуни 2018Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и директорот на управата за хидрометереолошки работи Ивица Тодорoвски денеска беа во посета на Ѓуриште,по повод завршувањето на поправката и надградбата на радарскиот систем.
„Климатските промени се едни од најзначајните работи на кои што како Влада и министерство сме насочени, се со цел да креираме адаптивни мерки со кои што ќе помогнеме на граѓаните,на секторот земјоделство,фармерите , и за квалитетно следење на временските услови и превземање соодветни агротехнички мерки. “ – истакна Николовски
По речиси 5 години Министерството за земјоделство, преку програмата за рурален развој, обезбеди 3 милиони денари средства за поправка и надградба на радaрскиот центар Ѓуриште. Благодарение на новиот систем земјоделците ќе можат навремено да се информираат и да се заштитат од потенцијални временски непогоди.
На поправката и надградбата на радарскиот центар Ѓуриште, работеше тим од Русија