Откупени речиси 13.000 тони тутун за просечни 191 денар по килограм
Дата на објава: 
23 Декември 2016
Foto.jpg

За пет недели од почетокот на откупот на тутунот (15. ноември), деветте откупувачи заклучно со вчера (22. Декември) откупија вкупно 12.968 тони тутун, односно 65% од очекувањата за годинашната реколта.

 

Просечната откупна цена е 191,39 денари по килограм, а според податоците од Државниот инспекторат за земјоделство исплатата е реализирана со 90% или досега се исплатени две милијарди и 222 милиони денари.

 

Потсетуваме, субвенциите за тутунот изнесуваат 60 денари за килограм, што значи дека во моментов производителите просечно добиваат по 251 денар за килограм.

 

Инаку, според првичните проценки, во реколта 2016 се очекува да бидат откупени околу 20.000 тони тутун. Договор  потпишаа 10 претпријатија, од кои 9 го исполнија условот за откуп на тутунот, односно заклучно со 15 декември доставија банкарска гаранција дека обезбедиле средства за таа намена.

 

Тоа не беше случај со „Струмица Табак“, за која Државниот инспекторат за земјоделство (ДИЗ), согласно Законот за тутун и тутунски производи, даде предлог да биде избришана од Регистарот на откупувачи на тутун.

 


ЈАВЕН ОГЛАС бр.14/16
Дата на објава: 
17 Декември 2016

Влада на Република Македонија

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

 

Врз основа на член 21 став 1 од Законот за земјоделското земјиште („Службен весник на Република Македонија“ бр.135/07, 18/11, 148/11, 95/12, 79/13, 87/13 106/13, 164/13, 39/14, 130/14, 166/14, 72/15, 98/15, 154/15, 215/15,7/16 и 39/16), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, распишува:

 

 

Јавен ОГЛАС бр.14/16

за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини до 3 хектари

1.ПРЕДМЕТ НА ЈАВНИОТ ОГЛАС

Се дава во закуп земјоделско земјиште во државна сопственост со вкупна површина  од  2ха 26ар 36м2 во Катастарска општина Серменин - Регион Гевгелија.

Додаток за превземање: 
Додаток за превземање: 

СООПШТЕНИЕ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА ПОЛАГАЊЕ НА ИСПИТ ЗА ДОБИВАЊЕ НА ЛИЦЕНЦА ЗА ПРОЦЕНА НА ТУТУН
Дата на објава: 
13 Декември 2016

Пријавувањето на заинтересираните кандидати за полагање испит заради добивање на лиценца за процена на тутун ЗАПОЧНУВА НА 15.12.2016 година и ЗАВРШУВА ЗАКЛУЧНО СО 05.01.2017 година, а ПОЛАГАЊЕТО НА ПРВИОТ ДЕЛ ОД ИСПИТОТ ЌЕ СЕ ОДДРЖИ НА 17 јануари 2017 година.

 

Заинтересираните кандидати за полагање на испит за добивање на лиценца за процена на тутун треба да достават потпишано барање до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на адреса: ул.Аминта Трети бр.2, 1000 Скопје, кое се наоѓа во додатокот за превземање.

Во прилог на барањето (во кое се наведуваат адресата на живеење и контакт телефон) треба да се приложат следните потребни документи:

1. Диплома за завршено високо, вишо или свидетелство за завршено средно образование од областа на технологијата за производство и обработка на тутун (заверена на нотар)

2. Кандидатите кои немаат соодветно образование треба да приложат најмалку свидетелство за завршено средно образование и копија од М1/М2 образец со податоци за работниот стаж и тоа за:


ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПОЛАГАЊЕ НА ИСПИТ ЗА ДОБИВАЊЕ УВЕРЕНИЕ ЗА ВРШЕЊЕ СТОПАНСКИ РИБОЛОВ
Дата на објава: 
12 Декември 2016

Се известуваат сите заинтересирани кандидати дека на 29 Декември 2016 година, со почеток во 08:00 часот, во просториите на Испитниот Центар на ул.Христо Смирненски бр.30 ламела 1, Скопје, ќе се одржи полагање на испит за добивање на уверение за вршење стопански риболов (теоретски дел).

Заинтересираните кандидати за полагање на испитот треба да се државјани на Република Македонија и да се полнолетни. Барањето за полагање на испитот се поднесува до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство најдоцна до среда 14.12.2016 година. Кон барањето се приложуваат потребните докази за исполнување на условите и тоа:

-          уверение за државјанство;

-          фотокопија од лична карта; и

-          уплатница за уплатени средства како надомест за трошоци за полагање на испитот.


Министерот Цветков засади црн бор во Тетовско
Дата на објава: 
30 Ноември 2016
Foto.jpg

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков денеска во рамки на акцијата „Ден на дрвото - засади ја својата иднина" посади дрвце во месноста Брдце над селото Сиричино, општина Јегуновце каде на околу шест хектари беа засадени околу 15 илјади садници црн бор.

 

- Ова е 18-та по ред акција Ден на дрвото – засади ја својата иднина. Оваа година планираме да засадиме 2,6 милиони садници првенствено околу населените места и градовите каде имаме најголемо загадување. Во Скопје и неговата околина планирани се еден милион садници, Тетово и Кичево со по сто илјади садници, во Битола околу двеста и педесет илјади садници, изјави Цветков.

 

Се работи, нагласи, за садници постари од три години, а на други шеесет локации ќе се засадaт остатокот од над еден милион садници.

 


Syndicate content