Дата на објава:
4 Јануари 2011Од 1 јануари 2011 година почна со работа Агенцијата за храна и ветеринарство која ги обединува ингеренциите во оваа област што досега ги делеа Дирекцијата за храна и Управата за ветеринарство.
- Ова тело комплетно ќе ја врши контролата на целокупната храна во Македонија со исклучок на примарното земјоделско производство, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, кој денеска имаше средба со директорот на Агенцијата Дејан Рунтевски.
Вакви тела има во повеќе европски земји кои по површина или по популација се како Република Македонија. - Одлуката е донесена по препорака на Европската унија и почитувајќи ги насоките ние безрезервно го поддржавме осамостојувањето на оваа Агенција бидејќи сметаме дека на сите, граѓаните и компаниите, тоа ќе им биде од корист, изјави Димовски.
Директорот на Агенцијата Рунтевски изјави дека се работи за голема и значајна реформа во делот на контролата на храната.