Дата на објава:
29 Мај 2014Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Димовски денеска го посети карбинското село Трогерци, до кое нема асфалтиран пат, а во неговиот атар има од 3.000 до 4.000 хектари плодна земјоделска површина и преставува најплодната житница во штипско-карбинскиот регион.
Жителите на селото Трогерци, кои одамна се иселиле а сакаат да се вратат да ги обработуваат своите површини на лице место го образложија проблемот со патот до селото.
Димовски истакна дека ќе излезе во пресрет на барањата на жителите на Тргоерци, а општините Штип и Карбинци треба да поднесат барање и проект до Министерството за да биде дел од Програмата за рурален развој за 2015 година.
- Тоа не се големи финансиски средства, но се многу важни прво за земјоделците, второ за луѓето кои што сакаат да се вратат во селото заради тоа што токму тоа нуди можност за обработување на земјоделската површина и за производство на храна, која нам ни е потребна, рече министерот Димовски.