Соопштенија

РЕАКЦИЈА
Дата на објава: 
22 Јануари 2011

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски ќе поднесе кривична пријава против таканаречениот лидер на тутунарите Кире Неделковски поради  неговата изјава дадена за А1 телевизија во која се вели ,,Министерот за земјоделство ми понуди  да го однесам целиот тутун и да ми се исплати по најдобра цена, по 208 денари, прва класа. Тоа јавно го одбив и прашав ако го продадем мојот тутун, што ќе биде  со тутунот на другите?,,.

Ваквата изјава на Неделковски е тотална невистина, лага и манипулација со цел на јавноста да и се прикаже како личност која ја дели судбината со другите тутунари, иако и самиот тој  добро знае дека неговиот тутун претходно веќе го има предадено и тоа по највисока цена.


СООПШТЕНИЕ
Дата на објава: 
21 Јануари 2011

По покана од германското Сојузно министерство за храна  земјоделство и заштита на потрошувачите, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски денес и утре ќе учествува на  третиот Балкански  самит на министерите за земјоделство.

 

Самитот се одвива под мотото ,,Трговијата и глобалната безбедност на храната, глобално-регионално-локално,,. Целта на самитoт е да се  зголеми јавната свест за важноста на трговијата и интегрираниот систем за безбедност на храната и имплементацијата на  ,,правото на храна,,

Оваа конференција на меѓународно ниво има за цел  да обезбеди нов поттик за понатамошни разговори и преговори во врска со трговијата и глобалното снабдување со храна. Министерите за земјоделство од целиот свет ќе имаат можност да разменат искуства и концепти за трговијата со безбеднсот на храната на локално регионално и на глобално ниво.

 


Министерот Димовски на откупен тутунски пункт во општина Чашка
Дата на објава: 
5 Јануари 2011

„Оваа Влада за прв пат во Македонија води политика за развој на земјоделството. Преку субвенциите се обидува да го подигне стандардот на земјоделецот, но тие пак во овој момент треба да ги почитуваат апелите за предавање на тутунот со подобар квалитет“ рече Димовски кој  смета дека тутунарите се уште го чуваат дома.


˝Ало инспекција˝- пријавете неправилности, лошо работење, мито и корупција.
Дата на објава: 
5 Јануари 2011

Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство отвори нова бесплатна телефонска линија на која што незадволните земјоделски производители можат да ја пренесат својата реакција директно во државниот инспекторат за земјоделство. Бројот на бесплатаната телефонска линија е 080011000. Земјоделските производители можат да ја користат оваа телефонска линија од фиксни телефонски броеви.Линијата ке биде отворена секој ден од 08 и 30 до16 и 30 часот.


Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство ги зајакна контролите при откупот на тутунот
Дата на објава: 
5 Јануари 2011

Во насока на гарантирање на целосна примена на одредбите од Законот за тутун и тутунски производи, покрај континуираниот и засилен инспекциски надзор, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство превзема дополнителни мерки за засилен мониторинг на откупот на тутун. За таа цел покрај активните 40 инспектори на Државниот инспекторат за земјоделство, ангажирани се дополнителни 60 вработени од подрачните единици на министерството и советници од Агенцијата за потикнување и развој во земјоделството, кои почнувајќи од денеска ќе бидат присутни на откупните пунктови.

 

Зависно од потребата на откупниот пункт, дополнителните контролори повремено или постојано ќе ја следат состојбата со откупот на тутун, особено во делот на исполнетост на условите за откупниот пункт и правичната проценка на квалитетот на тутунот.

 


Syndicate content