СООПШТЕНИЕ за поднесеното барање за регистрација на заштитен назив со географска ознака - Охридска цреша
Дата на објава: 
27 Јануари 2017

Врз основа на 148 став (6) од  Законот за квалитетот на земјоделските производи („Службен весник на Република Македонија“ број 140/10, 53/11, 55/12, 106/13,116/15, 149/15 и 93/16), Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство известува дека од страна на ЗЗ „Охридска черешна 2015’’ е поднесено барање со елаборат за регистрација на заштитен назив со географска ознака -  Охридска цреша.

На денот на објавата на ова соопштение во дневниот печат, елаборатот за Охридска цреша ќе биде објавен и достапен за преземање на официјалната веб страна на Министерството www.mzsv.gov.mk.

 

Секое домашно или странско правно или физичко лице, има право да поднесе приговор на предложениот назив до Министерството во рок од 30 дена од денот на објавувањето на елаборатот, доколку смета дека се исполнети условите за приговор утврдени во член 149 став (1) од Законот за квалитетот на земјоделските производи.

Министерство за земјоделство,шумарство и водостопанство

Додаток за превземање: 

Идниот месец се отвора Македонскиот изложбено - трговски дом во Москва
Дата на објава: 
23 Февруари 2017
Foto.jpg

Свежо овошје и зеленчук, конзервирани, млечни и месни производи, како и пијалаци, ќе бидат дел од првата пратка со која на 23 март годинава и официјално ќе се отвори Македонскиот изложбено - трговски дом во Москва.

 

Како што беше истакнато на денешната презентација што ја организираше Македонско - руската стопанска комора, Домот се наоѓа во комплексот „Фуд сити“, своевиден трговски град кој зафаќа 90 хектари површина и во кој се лоцирани сите странски извозници и дистрибутери кои тргуваат со Русија. Македонските компании, најпрво 20, ќе добијат целосна комерцијална, царинска и правна поддршка за пласман на производите, а во Домот ќе може да ги изложат и складираат за да им бидат веднаш достапни на деловните руски партнери.

 


Цветков на закројување лоза во „Тиквеш“, посака добар принос и квалитетно грозје
Дата на објава: 
14 Февруари 2017
Foto.jpg

Добар принос, квалитетно грозје и исплата на средствата за предаденото грозје, им порача на лозарите од Тиквешко министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков закројувајќи винови лози во насадите на винарската визба „Тиквеш“ по повод празникот свети Трифун заштитникот на лозарите.

 

- Како и секоја година и оваа година проблеми. Затоа сме ние тука да ги решаваме, како министерство, како држава, како Влада, сите да се сплотиме и да го направиме тоа што треба да го направиме во лозарството. Да ги примениме сите агротехнички мерки, да закроиме така за да добиеме што поквалитетен род, имајќи предвид дека во нашето окружување, а и во светот каде што ние тежнееме да го извезуваме  нашето вино, се бара квалитет, рече министерот.

 


Македонија ќе инвестира во опрема за рано прогнозирање временски непогоди
Дата на објава: 
7 Февруари 2017
Foto.png

Три милиони евра ќе вложи Македонија во опрема за брзо детектирање и најавување на временските неприлики, соопшти денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков.

Проектот веќе се подготвува, а целта е да обезбеди капацитет за обработка на огромен број информации кои треба да дадат што поточна прогноза.

- Таква опрема е неопходна за да можеме да собереме, а потоа и да обработиме, куп информации кои прецизно ќе ни кажат во кој правец се движат временските појави, што точно ќе се случува, што можеме да очекуваме и врз основа на тоа да преземеме соодветни мерки - изјави Цветков пред меѓународната конференција што ја организира УХМР.

Во тек е и набавка на ултра модерен компјутер кој, како што дополни дректорот на УХМР Оливер Ромевски, треба да пристигне во март годинава.

- Гледаме да ги направиме сите можни бај-пасови, а имаме план да се осовремениме во целост, почнувајќи од радари, за да бидеме конзистентни во се она што го даваме како информација - потенцира Ромевски.


Воведена привремена забрана за лов на диви птици
Дата на објава: 
31 Јануари 2017
diva guska.jpg

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство согласно член 16 став 4 од Законот за ловството донесе ЗАБРАНА за ловење на дивеч - диви птици.

 

Забраната е привремена и се однесува на цела територија на Република Македонија поради опасност од ширење на заразна болест авијарна инфлуенца - птичји грип.

 

Забраната за ловење диви птици стапува на сила веднаш и ќе трае се до нејзино отповикување.

 

Казните за непочитување на привремената забрана се од 1.500 до 3.000 евра во денарска противредност за физички лица, а за правните лица е 8.000 евра.


Syndicate content