Соопштенија

Предлог измени на Закон за земјоделско земјиште во функција на рационално користење на земјоделското земјиште
Дата на објава: 
8 Февруари 2011
Pres Minister zakon za zemjodelsko zemjiste 08.02.2011 004.jpg

Со досегашна примена на Законот за земјоделско земјиште, донесен во 2007 год., се наметна потребата од дорегулирање на одредени прашања со цел да се постигнат посакуваните ефекти и во целост да се остварат целите на политиката на Владата на Република Македонија во земјоделството истакна на денешната прес конференција министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство.Измените  се однесуваат на:

  • Засилување на напорите за спречување на уситнувањето на земјоделските парцели преку воведување на нови мерки за таа цел;
  • Воведување на нови правила и нови постапки за распределба на земјоделското земјиште што би овозможило флексибилност во тој процес, а сè во функција на порационално искористување на земјоделското земјиште во државна сопственост;
  • На зајакнувањето на  правната сигурност на закупците на државно земјоделско земјиште;
  • На зголемувањето на одговорноста при користењето на истото.

Исто така се појави потреба од:


Министерството за земјоделство подготви измени на Законот за тутун и Правилникот за откуп
Дата на објава: 
4 Февруари 2011
Pres Minister tutun 04.02.2011 004.jpg

Министерството за земјоделство, шумарство и  водостопанство прави радикални измени во законската регулатива за тутунот. Во текот на идната недела се очекува измените на Законот за тутун и на Правилникот за откуп да влезат во владина процедура, со што ќе се дорегулира производството, откупот, но и увозот и извозот на тутун и тутунски преработки и ќе се зајакне контролата.

 

Новиот правилник предвидува место досегашните 11 класи (6 основни и 5 дополнителни), тутунот од реколтата 2011 година да се договори и откупува во 6 класи (4 основни и 2 дополнителни класи).  Со  измените ќе се прифатат најголемиот дел од барањата на тутунарите за квалитативна промена на проценката на тутунот.

 


Прв состанок на Управниот комитет на Проектот „Развој и имплементација на агро-еколошки мерки,,
Дата на објава: 
31 Јануари 2011

Агроеколошките мерки се задолжителни елементи на плановите на рурален развој согласно европските регулативи.Примената на агроеколошките мерки во земјоделското производство,за разлика од другите мерки се по сложени,но и многу значајни за што Европската Унија за периодот од 2007 до 2013 година ќе потроши 12 милијарди евра, истакна Екехарт Шродер директорот на Проектот за Развој и имплементација на агро-еколошки мерки,,на денешниот прв состанок на Управниот комитет на проектот.Затоа според Шродер многу е важна подготовката за спроведување на овие мерки.

 

Република Македонија како земја кандидат за членство во Европската Унија е посветена на прилагодувањето кон aquis communitaire особено во земјоделскиот сектор бидејќи тој е значајна гранка од македонското стопанство посочи министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Љупчо Димовски.Сега се наоѓаме пред новиот предизвик: како да ја заштитиме животната средина  и да ја зачуваме природата во процесот на земјоделското производство. Токму во таа насока се агро-еколошките мерки. Тие вклучуваат иницијативи за одржување или менување на секојдневните практики на управување со цел да се обезбеди соодветен еколошки бенефит.

 


Заменик министерот Иваноски ги презентира пилот активностите за комасација на земјоделското земјиште
Дата на објава: 
31 Јануари 2011

Во Македонија како и во поголемиот дел од централна и источна Европа, проблемите кои произлегуваат од расцепканоста на земјоделското земјиште и од малите земјоделски фарми  го отежнуваат и руралниот развој. Станува збор за сериозен структурален проблем, кој е сериозна пречка за профитабилно земјоделско производство и за инвестирање     во        аграрот.

 

Поради ваквата состојба, по  активностите за распределба на секое парче државно земјоделско земјиште, од 2007 година наваму, сега активностите се насочени кон консолидација, односно окрупнување на земјоделските површини. Преку проектот СТИМЕРАЛД почнуваат пилот ативностите за реализирање на новата земјоделска политика за косолидација на земјоделското земјиште, во прв ред на  приватните земјоделски површини.

 


Министерот Димовски учествуваше на презентација на македонските вина во Шведска
Дата на објава: 
27 Јануари 2011

Министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, во рамки на кампањата за промоција на македонски вина во Шведска, денеска во Стокхолм, оствари работна средба со министерот за рурални работи на Шведска  Ескил Ерландсон и со првите луѓе на Шведската развојна Агенција- СИДА.

 

На шведскиот министер Ерландсон, министерот Димовски му го презентира проектот на Владата на Република Македонија за изградба на откупно дистрибутивни центри за овошје и зеленчук како можност за инвестирање на шведските бизнисмени во Македонија. Тој го информира неговиот шведски колега за состојбите во македонското земјоделство и го покани да учествува на министерскиот состанок кој во ноември годинава ќе се одржи во Скопје.

 

Кампањата за презентација на македонските вина во Шведска, е организирана од страна на македонската амбасада во Шведска, Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство, Аг Биз програмата и стопанските комори.

 


Syndicate content