Новости

Лозарите и винарите ги договорија откупните цени за грозјето
Дата на објава: 
30 Август 2014
jpg

Лозарите и винарите се договорија за минималните откупните цени на грозјето. За смедеревка со најмалку 17 шеќерни единици цената треба да биде  11 денари и 13 денари за вранец со 19 шеќерни едници на откупен пункт.

Ова беше договорено на состанокот на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков со претставници на лозарските здруженија и винарските визби во Кавадарци.

И лозарите и винарите се согласни дека овие цени се најкоректни поради лошата сезона за грозјето годинава што ќе предизвика намалување на родот за 30 до 50 отсто. И винарските визби се соочуваат со проблеми поради намалувањето на цената на виното на светскиот пазар заради големата конкуренција од шпанските вина.

За другите сорти винско грозје откупните цени ќе се одредат според квалитетот.


Дополнителни 3.000 денари за хектар пченица ќе добијат малите фармери
Дата на објава: 
27 Август 2014
 Цветков.jpg

Дополнителни 3.000 денари за хектар или околу еден денар за килограм пченица ќе добијат земјоделците кои обработуваат до 10 хектари површина, соопшти денеска ресорниот министер Михаил Цветков.

Поддршката се воведува за да им се помогне на малите фармери кои имаат најголеми прoизводни трошоци, но и за да се постигне повисока откупна цена, до 12 денари за килограм.

- Според проценките, дополнителни 3.000 денари треба да добијат 22.600 земјоделци или 90 отсто од вкупниот број производители на лебно жито. Целта е да им помогнеме и натаму да произведуваат пченица зашто оваа култура за нас е стратегиска, истакна Цветков на прес-конференција.

Од засеаните 95.000 хектари со пченица годинава, досега се ожнеани 93.000. Просечниот принос е 3,5 тони на хектар, а се очекува производство од 330.000 тони. Откупени се 87.000 тони по просечна цена од 11 денари за килограм. До крајот на годината се очекува откуп на 110.000 тони или 80 проценти од родот.

Како што истакна Цветков, квалитетот на реколтата е просечен.


Прва средба на министерот Цветков со поголемите винарските визби
Дата на објава: 
8 Август 2014
vinarii.jpg

На првата средба со министерот Михаил Цветков, поголем дел од  винарските визби информираа дека се подготвени за откуп на винското грозје, но дека се уште е рано да се зборува за откупните цени поради нестабилните временски услови кои до бербата можат да ја променат состојбата со количините и со квалитетот на грозјето.

Според нив, оваа ќе биде тешка година и за лозарите и за винариите поради намалениот квалитет на грозјето, на количествата, но и на конкуренцијата која доаѓа од ефтиното шпанско вино.Министерот Цветков посочи дека треба заеднички да се најдат оптималните решенија кои ќе одговараат и на производителите и на преработувачите.


Посета на министерот Цветков на Ресен
Дата на објава: 
24 Јули 2014

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков при денешната посета на Ресен констатира дека штетите направени од невремето што го зафати овој регион се големи и Владата ќе настојува да помогне.

Со временските непогоди, рече, не можеме да се справиме, но затоа мораме да се прилагодуваме кон климатските промени.

- Владата нуди големи поволности во делот на аграрот. Вие, како овоштари, треба да размислувате преку цела година, а не само кога ќе се случат вакви непогоди, кога јаболкото тешко ќе се продава. Ние стоиме на располагање да се разговара за секој проблем да најдеме решение. Нудиме субвенции за осигурување на родот. Тука се средствата на ИПАРД програмата, големи средства кои ако не се искористат пропаѓаат, истакна министерот Цветков.


Соопштение
Дата на објава: 
23 Јули 2014

Поради невремето кое се случи вчера во Ресен, заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Ванчо Костадиновски изврши посета на терен и заедно со градоначалникот на општина Ресен, Ѓоко Стрезовски направија увид на површините погодени од невремето. По извршениот увид заменикот министер Костадиновски и градоначалникот, Стрезовски одржаа состанок со земјоделците чии површини беа зафатени од невремето.

 

Со цел да им се помогне на оштетените земјоделци, градоначалникот на општина Ресен формираше пет комисии за процена на штета, чие задолжение ќе биде во најкус можен рок да извршат посета кај оштетените земјоделци и да констатираат за колкави штети станува збор.

 


Syndicate content