Соопштенија

Планското производство на грозје - основа за стабилен вински сектор
Дата на објава: 
14 Февруари 2011
 трифун фото.JPG

,,Прославата на Свети Трифун е традиција која треба да се почитува и да се продолжи. Таа носи бериќет, добар род, а во овие услови би посакал добра продажба на виното и  на грозјето,,. Ова им го посака министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Љупчо Димовски на лозарите и винарите на денешната прослава на Свети Трипун во валандовско. По традиционалното закројување  на  виновата лоза плантажите на винарската визба ,,Визба,, од Валандово, на која присуствуваше и претседателот  на Република Македонија Ѓорѓе Иванов, министерот Димовски истакна дека Владата ќе ја исполни обрската кон земјоделците, односно ќе ги исплати субвенциите и за лозарството.


Во Долненско тутунот се откупува под полна пареа
Дата на објава: 
11 Февруари 2011
Minister 11.02.2011 003.jpg

,,Експресно е надминат проблемот со слабата динамика во откупот на тутунот во Долненско по денешниот почеток со работа на дополнителните  6-7 ваги на битолски ,,Соко таб,, и ,,Струмица табак,, и тоа на критичните места во овој регион, каде беше слаба динамиката на откуп,,. Ваква оценка на моменталната состојба со откупот на тутунот даде Данчо Милески, претседател на Сојузот на здруженија на тутунпроизводители по денешната средба со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски.

Според Милески, проблемот експресно се решил, бидејќи дополнителните ваги почнале со работа порано од највеното, односно место во понеделник, профункционирале уште  во текот на денешниот ден. ,,Најактивни на теренот се прилепскиот Тутунски комбинат и ,,Алијанса уан,,. Со вака забрзана динамика, според наша проценка, откупот без проблеми ќе се реализира во законскиот рок  до 15 март,, - истакна Милески.


Ќе се зголеми бројот на откупните ваги во Прилепско-Долненскиот регион
Дата на објава: 
10 Февруари 2011

Откупните компании од утре ќе ги зголемат бројот на вагите на откупните пунктови  во Прилепско, особено во Долненскиот регион, со цел да се интензивира прифаќањето на тутунот од реколтата 2010. На откупните пунктови во Прилепско-Долненскиот регион ќе бидат донесени и проценителите од откупните компании и тоа од регионите каде откупот завршил или е во завршна фаза. Ова се дел од активностите на компаниите за откуп на тутун кои се преземаат во координација со Министерството за земјоделатво, шумарство и водостопанство со цел да се интензивира откупот и истиот да заврши во законски предвидениот рок-15 март.

 

На откупните пунктови во Прилепскиот и Долненскиот регион од утре ќе се пренесат  техничките средства (ваги, влагометри и сл) од оние откупни пунктови во источниот дел од земјава каде откупот заврши, или каде е намалена динамиката на предавање на тутунот.

 


Договорено интензивирање на соработката меѓу Министeрството за земјоделство и Федерацијата на фармерите
Дата на објава: 
9 Февруари 2011
100_4576.jpg

Интензивирање на соработката меѓу Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Федерацијата на фармерите во Република Македонија, преку организирање на теренски работилници и учество во работните тела на Министерството за земјоделство при креирањето на законските и подзаконските акти. Ова е  заклучокот од денешниот работен состанок на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски и претседателот на Федерацијата  на фармерите Андрија Секуловски.

 


Програма за финансиска поддршка во земјоделството за 2011

Средствата за финансика поддшка во земјоделството за 2011 година во вкупен износ од 6.233.500.000,00 денари, обезбедени согласно Буџетот на Република Македонија за 2011 година (Службен весник на Република Македонија бр.161/10) раздел 14004 програма 2 потпрограма 20 ставка 463 разни трансфери ќе се користат според следните мерки...


Syndicate content