Дата на објава:
17 Септември 2014Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, по добиените сознанија од теренот за нелегално производство на тутун, преку Државниот инспекторат за земјоделство изврши неколку контроли во периодот од 05 до 15 септември во атарот на селата Могила и Кукуречани.
При контролата констатирано е дека има нелегално производство на широколисен тутун на околу 60 хектари, за кој нема склучени договори со откупни претрпијатија. Нелегално производство е пронајдено кај 24 физички лица, на кои согласно Законот за тутун им е изречена казна во висина од 600 евра и им се издади решенија за забрана на производство и пласман на овој тип на тутун.
Инспекторите повторно извршија контрола и констатираа дека од 24-те лица, 12 не се придржувале на решенијата за забрана за производство и пласман, поради што на овие лица согласно Законот за тутун ќе им биде изречена казна од 1.500 евра.
Во тек е координирана акција со Министерството за внатрешни работи за одземање на нелегалното производство на тутун.