Соопштенија

Промовиран Прирачникот за формирање и работа на земјоделски задруги
Дата на објава: 
3 Март 2011
zamenik priracnik za zadrugarstvo 006.jpg

Економското здружување на земјоделците е единствен начин за брзо концентрирање на понудата во поголеми количини со усогласен квалитет и зголемување на преговарачката моќ за постигнување подобри цени. Здружени во кооперативи, земјоделците полесно можат да реализираат покрупни инвестиции и да обезбедат самостоен настап на пазарот, без претходно да ги продаваат производите на откупувачите или трговците, истакна заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Перица Иваноски на промоцијата на Прирачникот за формирање и работа на земјоделски задруги во Република Македонија.


Демант на прилогот на А1 телевизија под наслов ,,Проблеми со државната земја,,
Дата на објава: 
2 Март 2011

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство остро демантира дека луѓе блиски на власта  го држат цело државно земјоделско земјиште во атарот на с. Десово .

 

Согласно Законот за земјоделско земјиште (Сл. весник на РМ бр. 135/07) изборот е правен  врз основа на најдобрата  понуда, а не во зависност од партиската припадност или блискост со власта. На огласот во с.Десово беше распределен 41ха на 5 апликанти кои дадоа најдобра понуда.

 

Земјоделско земјиште во државна сопственост несмее да се дава во подзакуп, а земјоделциоте ги охрабуваме ваквите случаии, кога некои им нуди во подзакуп земјоделско земјиште во државна сопственост, веднаш да го пријават во Државниот инспекторат за земјоделство.Воедно ги потсетуваме сите оние кои што им плаќаат на закупувачите дека тоа е спротивно на законот и казниво според постојната законската регулатива и ја охрабруваат како што тие ја нарекуваат “мафија“ да продолжи со таквите незаконски дејствија.

 


Соопштение
Дата на објава: 
2 Март 2011

Поврзано со искажаните ставови пред извесно време на електронски и печатен медиум, Министерството за земјоделство реагира на паушалните изјави и констатации, кои всушност му наштетуваат на целиот процес со користење на земјоделското земјиште, создавајќи искривена претстава со што се доведува во заблуда пошироката јавност, а воедно создава можност извлекување на поединечна корист.

Апсолутна невистина е дека во Република Македонија има преку 260.000 хектари обработливо замјоделско земјиште од кое 190.000 хектари е необработено, кое истовремено не е доделено под закуп и за истото известуваме дека:

Вкупната површина на  обработливо земјоделско земјиште во Република Македонија изнесува 650.000 хектари од кое 2/3 е во приватна сопственост, а 1/3 во државна сопственост кое изнесува околу 215.000 хектари.

Министерството за земјоделство до овој момент по различни основи има склучено вкупно 4360 договори за закуп за површина од 145.000 хектари.


П Р О Г Р А М А ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ПРОГРАМАТА ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА
Дата на објава: 
18 Февруари 2011

П Р О Г Р А М А
ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ПРОГРАМАТА ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ВО
ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО ЗА 2011 ГОДИНА
I
Во Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2011 година („Службен
весник на Република Македонија“ бр. 13/2011) во делот I во табелата во мерката 1 во
колоната „Вкупен износ на мерката во денари“ износ „3.634.750.000,00“ се заменува со
износот „3.234.750.000,00“....


У Р Е Д Б А ЗА ПОБЛИСКИТЕ КРИТЕРИУМИ ЗА ДИРЕКТНИ ПЛАЌАЊА
Дата на објава: 
17 Февруари 2011

Член 1
Предмет на уредување
Со оваа уредба се пропишуваат поблиските критериуми за директните плаќања,
корисниците на средствата, максималните износи и начинот на директните плаќања за
2011 година.


Syndicate content