Дата на објава:
24 Септември 2014Заменик министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Ванчо Костадиновски и директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Дејан Рунтевски при посетата на Пехчево разговараа со сточарите за добиточнета болест „син јазик„.
Од сточарите беа информирани дека болеста сериозно го има загрозено добиточниот фонд и оти доколку продолжи нејзиното ширење ќе се намали и производството на млеко и млечни производи и извозот на јагниња.
- Состојбата е дотолку сериозна што болеста „син јазик“ синиот јазик ги има зафатено подрачјето, не само на Мелешевијата, туку и на територијата на целата држава. Според досегашните пријави од над илјада одгледувачи на овци, има над 6.000 угинати грла овци, изјави заменик-министерот за земјоделство Ванчо Костадиновски.
Тој очекува дека со падот на температурите ќе се намали ширењето на болеста бидејќи таа се пренесува преку мушички кои не се отпорни на пониски температури.