Средба на министерот Николовски со претставници од Делегацијата на Европската унија
Дата на објава:
22 Јуни 2017Министерот Љупчо Николовски на денешната средба со претставниците од Делегацијата од Европската унија предводена од раководителот на секцијата за соработка, Никола Бертолини беше запознат со статусот на тековните проекти од ИПА кои се во тендерска постапка и кои наскоро треба да започнат.
Петставниците од Делегацијата ги потенцираа прашањата на кои треба да се поствети поголемо внимание за нивна поуспешна и целосна инплементација во интерес на земјоделците.
Посебен акцент се стави на ИПА 2015 односно на проектите за консолидација, за земјоделските задруги и за поддршката во секторот за водостопанство кои во пакет ќе придонесат за подобрување на состојбите во аграрот.
Делегацијата го истакна и значењето од успешно одржување и реализирање на интегрираниот административен и контролен систем кој обезбедува релевантни податоци за исплата на финансиските средства кон земјоделците.