Деновиве ќе се дооткупи преостанатиот тутун.
Дата на објава:
22 Март 2011Откупувачите се мобилизирани и на теренот, претежно во Долненско, деновиве ќе ги дооткупат преостанатите количества тутун, соопшти вчера вечер министерот за земјоделство Љупчо Димовски кој во Прилеп имаше работна средба со Сојузот на тутунските здруженија и со Инспекторатот.
Министерот Димовски не очекува да има проблеми со издавањето бели картони за новата реколта тутун, а до крајот на мај тутунарите ќе ги добијат субвенциите.
- Направивме последна координација со откупувачите за да се дооткупат преостанатите количества тутун претежно во Долненскиот регион. Прецизирани се пунктовите. Сокотаб од Битола сите 293 договори со тутунарите ќе ги реализира и ќе се отворат пунктовите во Дебреште, Ропотово, а наредниот ден и во Црнилиште. И Алијанса од Кавадарци ќе дооткупи. Струмица табак наместо во Житоше, ќе отвори пункт во Дебреште, а и Центротабак деновиве ќе го преземе договореното, прецизираше министерот Димовски по работната средба со Сојузот и со Инспекторатот.