Дата на објава:
29 Октомври 2014Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков учествува на Форумот за соработка во областа на земјоделството помеѓу Народна Република Кина и земјите од Централна и Источна Европа.
Обраќајќи се на Форумот, министерот Цветков истакна дека Владата на Република Македонија интензивно работи на создавање поволна клима за инвестирање на заинтересирани странски компании, притоа обезбедувајќи техничка помош и административни олеснувања за реализација на инвестицијата.
Форумот е во организација на Министерството за земјоделство и рурален развој на Романија, во рамките на меѓународниот саем на производи и опрема за земјоделството, градинарството, лозарството и сточарството - ИНДАГРА 2014 година во Букурешт.
Министерот Цветков денеска ќе оствари средба и со домаќинот заменик претседател на Владата на Романија и министер за земјоделство и рурален развој Даниел Константин со кој ќе разговара за соработката и размената на искуства во процесот на евроинтеграциите на нашава земја.