Производство на органска храна ќе биде стратешка цел на новата Влада
Дата на објава: 
3 Јули 2017
sonja 1.jpg

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, учествуваше на тркалезната  „Развојни трендови во земјоделскиот сектор во ЦЕФТА-регионот, основа за поголема конкурентност на пазарот на Европската унија“, организирана од Стопанската комора на Македонија.


Задругарството ќе биде дел од приоритетите на кои новата реформска Влада ќе стави акцент
Дата на објава: 
1 Јули 2017
19477744_1997165713838291_1082080942211908996_o.jpg

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, денеска по повод Меѓународниот ден на задругите денеска присуствуваше на конференцијата под мотото „Задругите осигураат дека никој не е изоставен“, организирана од Македонската асоцијација на земјоделски задруги.

Целта на конференцијата  беше да се слушнат ставовите на претставниците на земјоделските задруги, со кои проблеми се соочуваат и какви предлози имаат за решавање на истите. Од средбата произлезе дека изминативе 11 години, има многу напластени проблеми, за кои задругарите побараа решенија. Министерот Николовски нагласи дека се анализираат детално сосотојбите и ќе се понудат соодветни решенија, се со цел да развие задругарството во Македонија, како клучен фактор за земјоделците да можат полесно да реализираат крупни инвестиции  но и за поголема конкурентност и  сигурен пласман на македонските производи на домашните и странските пазари.

 


Од денеска почнува исплатата на субвенциите за тутунот, ќе се исплатат 25 милиони евра
Дата на објава: 
28 Јуни 2017
tutun.jpg

Уште од првиот ден од доаѓањето во Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство, работиме на деблокирање на исплатата на субвенциите за тутунот, пари кои тутунопроизводителите ги чекаат долго време. По речиси еден месец, успеавме да ги отстраниме сите пречки за исплата на субвенциите за тутунот. Со задоволство,  Ве известувам дека од денеска почнува исплатата на субвенциите за производитлите на тутун. Во Министерството за финансии се пристигнати сите налози за исплата на субвенциите за тутунот во износ од речиси 1.5 милијарди денари или близу  25 милиони евра, со што комплетно ќе бидат исплатени сите тутунопроизводители. Земјоделците денеска во попладневните часови и утре во текот на целиот ден ќе можат да си ги подигнат парите од банките. Изминативе недели направивме напори за да се деблокира исплатата и да се отстранат сите пречки. Само накусо ќе напоменат што се преземавме за да почне исплатата на субвенциите за тутунот.

 


Продолжен рокот за аплицирање за ИПАРД 2
Дата на објава: 
23 Јуни 2017
image-0-02-04-34c7914e3075807b11f65c0a5cb9f95c9cdaf3864db4b785c0c9591054ba1034-V.jpg

По извршените консултации со земјоделците и со претставници на преработувачката индустрија, како и останати потенцијални корисници на ИПАРД средства и земајќи го во предвид  долгиот период на формирање на нова влада  и застојот во работата на општините одлучивме да се продолжи рокот за аплицирање за користење на  ИПАРД средства предвидени со програмскиот период 2014-2020- истакна во денешната изјава за медиумите министерот Љупчо Николовски.

Имено, првиот јавен повик за ИПАРД 2014-2020, повик  бр. 01/2017, беше објавен на 24.04.2017 и првично беше најавено дека истиот ќе биде отворен до 23.06.2017 година. Денес би сакал да ве известам дека јавниот повик за поднесување на барања за користење на ИПАРД средства се продолжува за скоро еден месец, односно до 21.07.2017 година.


Прва средба на министерот Николовски со претставници на германската кредитна банка- КfW
Дата на објава: 
22 Јуни 2017
KfW.jpg

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска оствари прва средба со делегација од регионалната канцеларија на германската кредитна банка за инвестиции (КfW), предводена од директорката Естер Гравенкотер.

На средбата директорката Гравенкотер информираше за активностите на банката во Р. Македонија со посебен акцент на Проектот Јужновардарска долина-втора фаза.

За подобрување, забрзување и за реализација на Програмата, беа договорени неколку чекори, почнувајќи од побрз пренос на инфраструктурата, односно на системите за наводнување од АД Водостопанство на Р.М на новоформираните земоделски задруги. Беше договорено и интензивирање на градежните активности на системите за наводнување во валандовскиот регион со цел побрзо ставање на сиситемите за наводнување за редовно обезбедување на квалитетна вода за наводнување и намалување на влијанието на климатските промени.


Syndicate content