Соопштенија

Продолжува втората фаза од проектот „Наводнување на Јужна Долина на Реката Вардар
Дата на објава: 
1 Април 2011
Juzna.jpg

Министерството за финансии денеска го потпиша договорот за заем за финансирање на проектот „Наводнување на Јужна Долина на Реката Вардар - фаза 2“. Со 10,3 милиони евра исклучително поволен заем и еден милион евра грант од Сојузна Република Германија преку KFW банка, затворена е  финансиската конструкција на проектот со чија реализација, како што рече вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески ќе се обезбеди наводнување на 3.900 хектари земјоделско земјиште во 13 населени места од гевгелиско-валандовскиот регион. Од него, како што истакна вицепремиерот Ставревски се очекува бенефит да имаат 5.500 земјоделски семејства. Вкупната сума за реализација изнесува 21,7 милиони евра, од кои 4,7 милиони ќе обезбеди Владата, а 5,7 милиони евра водните заедници.

 


,,Ден на дрвото 2011 ,,
Дата на објава: 
31 Март 2011
Den na drvoto.jpg

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски денеска, во рамки на акцијата „Ден нa дрвото“, учествуваше во пошумувањето на месноста Лешки и место викано Велко Влаховиќ, Кратово.

 

- Ова е голема граѓанска иницијатива подржана од Владата со која сакаме да ја подигнеме колективната свест за зачувување и негување на шумското богатство. Очекувам голема излезност на граѓаните како во претходните акции, изјави Димовски.

 

Во досегашните шест акции, како што посочи, беа засадени повеќе од 20 милиони садници. Ефектите од пошумувањето се големи,тоа го потврдуваат и експертите од шумарството.

 

Процентот на прифатени дрвца од минатите акции е околу 70 проценти, рече министерот.


Од април почнува евидентирањето на партнерите за соработка со Министерството за земјоделство
Дата на објава: 
31 Март 2011

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, од 4 април ќе ја започне постапката за евидентирање на социјалните и економските партнери на Министерството, со цел воспоставување соработка заради уредување на заедничките пазари со земјоделски производи.  За социјални партнери со кои министерството за земјоделство ќе воспостави соработка, а за кои согласно Законот за земјоделство и рурален развој ќе се води евиденција, се сметаат  здруженијата на граѓани  кои се основани  за унапредување на социјалниот  интерес од областа на заштитата на животната средина, агроекологијата и агробиодиверзитетот, заштитата на природното, културното и традиционалното наследство на руралните средини, како и за заштита на интересите и улогата на младите земјоделски производители или жените земјоделки.

 


Македонија лани бележи историски најголем извоз на земјоделско-прехранбени производи
Дата на објава: 
29 Март 2011
Zamenik pres 29.03.2011 019.jpg

Во 2010 година, Република Македонија оствари историски највисок пласман на земјоделско-прехранбени производи на странските пазари во изминативе 20 години, со  реализиран извоз од 424 милиони евра. Како што истакна заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Перица Иваноски на прес конференцијата во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, според податоците на Државниот завод за статистика, ланскиот извоз е за 66 милиони евра повисок од износот на извезените земјоделски производи во 2009 година.

 

-Како резултат на тоа трговскиот дефицит со земјоделско-прехранбените производи е намален за 34 милиони евра, односно за 23,5 проценти во однос на 2009 година. Во 2010 година и вкупниот обем на трговска размена изнесува 955 милиони евра во кои доминитраат примарните земјоделски производи со 70 проценти, потоа следат преработките со 25 отсто и рибите и производите со риби со учество од 1 до 3 отсто, истакна заменик министерот Иваноски.

 


Распределба на земјоделско земјиште
Дата на објава: 
25 Март 2011
Minister za rasppredelba na zemjiste 001.jpg

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, на почетокот од неделава распиша јавен оглас за  давање во закуп до 10 хектари на земјоделско земјиште во државна сопственост, согласно најновите измени на Законот за земјоделско земјиште.На овој оглас се понудени повеќе од 4 илјади хектари во 17 општини, а времетраењето на закупот за кој се издава земјиштето е од 15 до 50 години во зависност од насадот и од културата истакна на прес-конференција министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Љупчо Димовски.

 

За прв пат може да се конкурира и за земјиште на кое се предвидува подигнивање на оранжерии што досега не беше дозволено. Со донесувањето на измените на Законот за земјоделско земјиште оваа пречка веќе е надмината.

 

Новина е и тоа што физичките лица може,но не мора да се регистрирани вршители на земјоделска дејност. За државна земја може да конкурираат и земјоделци кои се запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства што се води во Министерството за земјоделство.

 


Syndicate content