Соопштенија

Министерот Димовски се обрати на отворањето на Европската сателитска конференција
Дата на објава: 
6 Април 2011
100_4794.jpg

,,Република Македонија  ги следи светските текови и вложува во развојот на хидрометеорологијата, бидејќи таа за нашата држава има стратешко значење и респективна, стручна улога во заштитата на луѓето и матријалните добра и на  севкупниот социјално - економски развој на општеството,,. Ова го истакна министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Љупчо Димовски во неговото денешно обраќање на отворањето на Европската сателитска конференција за земјите од Источна Европа и Западен Балкан, чиј домаќин е Управата за хидрометеоролошки работи, а на која присуствуваше и Васко Наумовски, заменик претседател на Владата на Република Македонија, задолжен за европски прашања.

 


Конференција за намалување на последиците од климатските промени во земјоделството
Дата на објава: 
6 Април 2011
Minister Svetska banka 06.04.2011 015.jpg

Долгорочното влијание на климатските промени и предвидените негативни ефекти врз земјоделството, шумарството, водните ресурси, безбедноста на храната и биолошката разновидност,  како и можните препораки за најсоодветен пристап во намалувањето на чувствителноста и прилагодување кон климатските промени, ќе се вброи меѓу приоритетите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, истакна министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Љупчо Димовски на конференцијата за намалување напоследиците од климатските промени.

 

Климатските промени се комплексно, глобално прашање чие влијание се очекува да предизвика хронични проблеми во земјоделскиот сектор, кој се издвојува како еден од најважните сектори во стопанството, особено поради неговото значење за социјалната сигурност и намалувањето на сиромаштијата. Имајќи го предвид овој факт, Министерството за земјоделство ќе преземе иницијатива за спроведување на политиките на ублажувањето на негативните влијанија од климатските промени.


Правилници кои произлегуваат од законот за здравје на растенија

Ј А В Е Н О Г Л А С бр. 02/11
Дата на објава: 
5 Април 2011

Ј а в е н О Г Л А С    бр. 02/11

за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост

I. ПРЕДМЕТ НА јавниот ОГЛАС

Се дава во закуп земјоделско земјиште во сопственост на државата за подигање на оранжерии за времетраење до 30 години во регионот Свети Николе за вкупна површина од 15ха 57ар 80м2

Додаток за превземање: 

ПРАВИЛНИК
Дата на објава: 
4 Април 2011

ПРАВИЛНИК

за начинот за упис и бришење од евиденцијата на социјални и економски партнери

и потребната документација

Член 1

Со овој правилник се пропишува начинот за упис и бришење од евиденцијата на социјални и економски партнери и потребната документација.

 

Член 2

Барање за упис во евиденцијата на социјални и економски партнери се поднесува на образец даден во прилог кој е составен дел на овој правилник.

Додаток за превземање: 

Syndicate content