Соопштенија

ПРАВИЛНИК
Дата на објава: 
26 Април 2011

ПРАВИЛНИК

ЗА ФОРМА, СОДРЖИНА, ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА И НАЧИН НА ВОДЕЊЕ НА ЕДИНСТВЕНИОТ РЕГИСТАР НА ЗЕМЈОДЕЛСКИ СТОПАНСТВА

 

Член 1


Со овој правилник се пропишува формата, содржината, потребната документација и начинот на водење на единствениот регистар на земјоделски стопанства (во понатамошниот текст: регистар).

Додаток за превземање: 

Промовирана нова веб страница ,,Органска Македонија,,
Дата на објава: 
21 Април 2011
Organsko web-strana 009.jpg

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во рамки на неодамна започнатата кампања за популаризација на македонското органско производство, во соработка со Федерацијата на органски производители изработи специјализирана интернет страница за органско прозводство. Страницата е алатка која ќе ги даде основните информации за  органската храна и на полесен начин непосредно ќе ги поврзе потрошувачите со фармерите. На едно место веб страницата нуди информации за количествата и за местата каде можат да се купат органски производи,истакна министерот за земјодеслтво,шумарство и водостопанство Љупчо Димовски на денешната нејзина промоција .

 

Интернет страницата ,,Органска Македонија,, овозможува, лесен пристап до  информациите на органските производители и понудата на домашни органски производи.

 


Седми Поткомитет за земјоделство и рибарство
Дата на објава: 
18 Април 2011

На 14 и 15.04.2011 година, се одржа 7-от редовен состанок на Поткомитетот за земјоделство и рибарство помеѓу претставници на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија и претставници на соодветните генерални директорати при Европската комисија за земјоделство и рурален развој и  за проширување.

 

Во текот на дводневната работна средба беа разгледани активностите кои министерството за земјоделство ги реализираше во периодот април 2010 - април 2011, во рамките на евро-интегративниот процес на нашава земја во областите кои се во надлежност на министерството - земјоделство и рурален развој, безбедност на храната и ветеринарна политика и рибарство.

 


Министерот Димовски на отворање на првата специјализирана продавница за органски производи во Македонија
Дата на објава: 
9 Април 2011
100_4848.jpg

Во  нашава земјава веќе постои категорија потрошувачи кои се заинтересирани органска храна, биолошки најчиста, здрава. Се надевам дека ова нема да биде прв ваков објект, туку само поттик за отворање што повеќе, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски по отворањето специјализираната  продавница за органски производи.

 

Идејата за реализирање на целиот проект околу „БИОкулт“, велат менаџерите, базира на фактот дека органската и свежо подготвената храна се клуч за здравјето на луѓето.

 

Кога се во прашање животот и здравјето на луѓето, органските производи може да си ги дозволи секој, независно од цената. Наместо да ја полнат корпата со секакви продукти, потрошувачите е подобро да ја наполнат само една третина со здрави артикли, рече сопственичката Снежана Јовановска.

 


Интензивни активности за сигурен откуп, пласман и извоз на македонските земјоделски производи
Дата на објава: 
8 Април 2011
Otkupni Centri 011.jpg

Бројот и опременоста на откупно-дистрибутивните центри за свежо овошје и зеленчук не задоволува поради што еден од основните приоритети на Владата останува градење нови и осовременување на постоечките. Целта е обезбедување сигурен откуп и пласман на земјоделските производи, подобар маркетинг, воведување современи пазарни стандарди и поголем извоз.

 

Како што рече денеска на прес-конференција заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Перица Иваноски, веќе е во тек изградба на 10 нови откупно-дистрибутивни центри, а проекциите се секоја година да се градат по најмалку пет.

 

- Од 1. јуни годинава земјоделците ќе може да го предаваат производството во новиот објект на „Агрокор“ чиј капацитет, 35.000 тони, опслужува 1.500 кооперанти. За овој проект во делот електрична и патна инфраструктиура, како и изготвување планска документација, Владата обезбеди 90 милиони денари, истакна Иваноски.

 


Syndicate content