Новости

Дополнителни 6.000 денари по хектар за производителите на пченица
Дата на објава: 
20 Јули 2016
Pcenica.jpg

Владата на Република Македонија на својата вчерашна седница (19 јули 2016 година) донесе УРЕДБА ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА УРЕДБАТА ЗА ПОБЛИСКИТЕ КРИТЕРИУМИ ЗА ДИРЕКТНИ ПЛАЌАЊА, КОРИСНИЦИТЕ НА СРЕДСТВАТА, МАКСИМАЛНИТЕ ИЗНОСИ И НАЧИНОТ НА ДИРЕКТНИТЕ ПЛАЌАЊА ЗА 2016 ГОДИНА.

Со новата Уредба се зголемува финансиската подршка за 6.000,оо ден/ха за земјоделските стопанства кои имаат засеани површини со пченица и имаат поднесено барање за финансиска поддршка до Платежната агенција за 2016 година.

Оваа измена на Уредбата се предложи заради потребата од зголемување на финансиска поддршка на земјоделските стопанства кои произведуваат  пченица, со поддршка на доходот, првенствено заради ниската откупна цена, намалениот интерес за откуп како и зголемениот увоз на пченица и брашно од Србија.

Уредбата влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во ,,Службен весник на Република Македонија“.

Уредбата е објавена во „Службен весник на РМ“ бр. 139 од 27.07.2016 година.

 


Завршна работилница од „Проектот за развој на живинарството во Република Македонија“
Дата на објава: 
22 Март 2016
foto 2.jpg

„Развивањето на живинарството е утврдено како еден од клучните приоритети во Националната стратегија за земјоделство и рурален развој 2014-2020, а нашата цел е до 2025 година да произведуваме 10.000 - 12.000 тони пилешко месо“, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Михаил Цветков на денешната презентација на резултатите од „Проектот за развој на живинарството во Република Македонија“, спроведен со поддршка на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации – ФАО.


ЈАВЕН КОНКУРС за давател на јавни услуги спроведување на мерки и активности од ЗОПОД
Дата на објава: 
20 Јануари 2016

Врз основа на член 60–б од Законот за сточарството (,,Службен весник на Р.М” бр. 07/08, 116/10,  23/13 и 149/15), а во согласност со дел I мерка 6 од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2016 година (,,Службен весник на Р.М”           бр. 02/16) Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство обjавува:

ЈАВЕН КОНКУРС

за давател  на јавни услуги спроведување на мерки и активности од ЗОПОД (Заедничка основна програма за одгледување на добиток) и развојно истражувачки задачи од подрачјето на изведувањето на програмите за одгледување за потребите на ЗОПОД за 2016 година

Додаток за превземање: 

Оглас за вработување во проектна единица
Дата на објава: 
29 Септември 2015

Оглас за вработување во проектна единица за Resident Twinning Adviser (RTA) Assistant и преведувач за “Further strengthening of AFSARD and preparing the Agency for the programming period 2014 - 2020”:

 

Прочитај повеќе: http://www.mzsv.gov.mk/?q=node/1591


Објавен повик за давање во закуп на земјиште над 3 хектари во Свети Николе, Струга, Ресен и во Струмица
Дата на објава: 
10 Август 2015
P8100121.JPG

Денеска е објавен Јавниот оглас за давање под закуп на државно земјоделско земјиште за површини над 3 хектари по пат на електронско јавно наддавање. Земјиштето е во четири региони, а најголемиот дел од вкупно 4.565-те хектари, се во Свети Николе. Таму се понудени 4.484 хектари државно земјиште, кое е поделено во четири целини. Во првата од нив, инвеститорот е должен да изгради краварска фарма за максимум четири години, односно да вложи најмалку 6 милиони евра.

 

Како што соопшти на прес-конференција заменик-министерот Ванчо Костадиновски, земјиштето од првата целина се дава во закуп на 15 години, а од останатите три целини на различен период зависно од намената - ако се употребува за одгледување долгогодишни насади (лозје, овошки) над 30 години, за житни култури 15 години, за маслинарници 50 години, за лешници 70 години,...

 

Во овие три целини инвеститорот мора да вложи најмалку два милиона евра во преработувачки капацитет кој ќе им биде на располагање и на земјоделците од другите региони.

 


Syndicate content