Соопштенија

Министрите за земјоделство на Македонија и Србија договорија формирање на заеднички пазарен информативен систем
Дата на објава: 
13 Мај 2011

Македонија, Србија и Црна Гора ќе формираат заеднички пазарен информативен систем. Тоа е во согласност со сите напори што ги прави Република Македонија за зголемување на извозот на земјоделско прехранбени производи, но и за подобрување на трговијата со Србија и Црна Гора и со другите земји од регионот.

Ова беше тема на денешната билатерална средба меѓу македонскиот и српскиот министер за земјоделство  Љупчо Димовски и Душан Петровиќ во Белград.

Наскоро министрите за земјоделство на Македонија, Србија и Црна Гора ќе потпишат спогодба со што ке се официјализира воспоставувањето пазарен информативен систем. На ваков начин системот ќе прерасне во регионален, а негова основна цел ќе биде прибирање податоци за понудата, побарувачката и движењето на цените во областа на земјоделско-прехранбените производи во трите земји. Ќе се прави анализа и обработка на податоците што ќе овозможи подобро организирање на пазарот и непречен пласман на земјоделско-прехранбените производи.


Средба на министерот Димовски со земјоделските здруженија и лозарите
Дата на објава: 
12 Мај 2011

Почитување на Законите за винарство и за земјоделство, е еден од заклучоците што произлезе од денешниот состанок на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски со претставниците на земјоделските здруженија и на лозарите, соопшти ресорното Министерство.

На состанокот, на кој присуствуваа претставниците од Федерацијата на фармери, асоцијацијата на земјоделци и од здружението „Агротиквешија“, разговарано е за состојбите во лозарството и за напорите што ги прави Министерството за заштита на лозарите. Законската обврска за исплата на откупеното грозје во рок од 180 денови и доставување писмена изјава за исплатени обврските  од 2009 година, винарските визби ќе мора да ја почитуваат доколку сакаат да  продолжат со бизнисот во винарството.

Министерот Димовски посочи дека Министерството и во наредниот период ќе организира заеднички состаноци со цел да се изнајдат заеднички решенија во интерес на  квалитетен откуп на винското грозје.


Забрана за вршење риболов на Тиквешко Езеро
Дата на објава: 
11 Мај 2011

Врз основа на член 95 став 1 алинеја 1 од Законот за рибарство и аквакултура (Службен весник на Република Македонија бр.07/08, 67/10, 47/11 и 53/11), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство донесува

 

 

 

 

З А Б Р А Н А

за вршење риболов на риболовната вода Тиквешко Езеро

 

 

  1. Се забранува вршење стопански и рекреативен риболов на сите видови риби освен за видовите: караш (Carassius gibelio), костреш (Perca fluviatillis), американско сомче (Ameiurus nebulosus) и сончарка (Lepomis gibbosus) на риболовната вода Тиквешко Езеро.

 

  1. Забраната е за период од 30 дена и ќе започне на 09.05.2011 година и ќе трае до 08.06.2011 година.

 

 

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ

 

 


Заменик министерот за земјоделство Перица Иваноски во посета на земјоделски капацитети во Кавадарци
Дата на објава: 
8 Мај 2011
perica ivanovski2.jpg

Заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство ја посети општината Кавадарци  при што оствари средби со граѓаните на Кавадарци на зелениот пазар. Земјоделците го истакнаа задоволството од високите цени на производите но на сите средби беше потенциран проблемот со и неисплата на винското грозје од страна на винарските визби.

 


Предадени во употреба најсовремени мобилни лаборатории
Дата на објава: 
28 Април 2011
Struga 009.jpg

Во рамки на завршниот дел од проектот „Промоција на земјоделски и млечни продукти“ денеска во Струга беа доделени пет најсовремени мобилни лаборатории за испитување на квалитетот на земјиштето што ќе бидат ставени на располагање на земјоделците од 13 општини кои влегуваат во состав на регионот.

 

Лабораториите ќе бидат од голема помош за утврдување на погодноста на земјиштето за одгледување на одредени земјоделски култури, како и во фазата на наѓубрување, со што ќе се обезбеди заштита од прекумерната и неконтролирана употреба на хемиски препарати.

 


Syndicate content