Новости

Министерот Цветков во Кина за промоција на македонското земјоделство
Дата на објава: 
1 Ноември 2016
cvetkov.jpg

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопантво Михаил Цветков од денеска до 6 ноември престојува во работна посета на Народна Република Кина.

 

Цветков ќе го отвори Македонскиот национален павилјон во Шангајската безцаринска зона во кој постојано ќе бидат изложени производи на околу 20 компании од земјоделско - прехранбениот сектор од Република Македонија.

 

Врз основа на претходно потпишаниот Договор, државната компанија  Директ Импортед Гоодс, која управува со зоната, треба да ги промовира македонските земјоделски и прехранбени производи кои на овој начин ќе станат подостапни до потрошувачите од големиот кинески пазар.

 

Изложувањето на производите на македонскиот павилјон, на кој ќе бидат најзастапени виното, преработките од овошје и зеленчук, органските и други производи, е договорено со кинеската страна да биде безплатно за домашните компании. Павилјонот ќе биде и простор кој ќе овозможи размена на информации за можностите за инвестирање, туризмот и културната размена меѓу Македонија и Шангај, односно Народна Република Кина.


Субвенции од два денара за килограм за откупено грозје „смедеревка“
Дата на објава: 
6 Октомври 2016
Pres.png

Винарските визби кои ќе откупат грозје од сортата „смедеревка“ ќе добијат субвенции од два денара за килограм. Мерката е донесена на вчерашната владина седница и со неа се очекува да бидат откупени преостанатите количини од оваа сорта.

 

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков денеска на прес-конференција истакна дека според нивните сознанија не се собрани уште 20 до 30 милиони килограми грозје од сортата „смедеревка“.

 

Субвенции ќе може да добијат оние винарски визби кои се запишани во регистарот и кои ги имаат подмирено финансиските обврски кон производителите. Тие ќе треба да откупат минимум еден милион и 500 илјади килограми грозје од оваа сорта.

 

Смедеревката, како што рече Цветков, ќе се откупува согласно договореното, односно 11 денари за 17 шеќерни единици. Ако грозјето е со повеќе од 17 шеќерни единици, тогаш откупната цена ќе биде повисока за 0,65 денари, а доколку е пониска, цената ќе се намали за 0,65 денари.

 


Техничка поддршка од Унгарија за македонското земјоделство
Дата на објава: 
16 Септември 2016
Rabotilnica.jpg

Посветеноста на квалитетот и искрената желба да им се понуди уникатност и нов вкус на потрошувачите постојано го надоградува имиџот на виното што придонесе овој производ да стане втор најважен во извозот на агропрехранбениот комплекс, а лозаро-винарскиот потсектор да остварува нето годишен прилив од над 65 милиони евра, рече денеска заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Ванчо Костадиновски, отворајќи ја работилницата за европските субвенции и земјоделските статистики.

 

Според него, лозарството, заедно со производството на вино, придонесува со околу 17 до 20 отсто во земјоделскиот БДП.

 

- Виното е на прво место во извозот на пијалоци и втор најважен производ во однос на извозната вредност на земјоделските производи. Во последната деценија е евидентно присуството на се поголем број нови винарии изградени и опремени по најсовремени стандарди, но и реконструкција и модернизирање на старите во насока на што подобар квалитет на виното, истакна Костадиновски.

 


Цветков: Со законските измени ќе се надминат проблемите во лозарството
Дата на објава: 
3 Септември 2016
mihail -cvetkov.jpg

Направени се измени во Законот за вино кои поминаа на Влада и се очекува дека по скратена постапка следната недела ќе поминат во Собрание. Со нив ќе се олесни наплатата на побарувањата кои ги имаат лозарите за предадено грозје и ќе се надминат одредени проблеми што се јавуваа кога грозјето се продаваше на откупувачи кои вршеа откуп во име на одредени винарници.

Ова денеска го соопшти министерот за земјоделство Михаил Цветков кој во Кавадарци оствари средба со лозарите.

 


ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПОЛАГАЊЕ НА ИСПИТ ЗА ДОБИВАЊЕ НА УВЕРЕНИЕ ЗА ВРШЕЊЕ СТОПАНСКИ РИБОЛОВ И ЗА РИБОЧУВАР
Дата на објава: 
10 Август 2016

Се известуваат сите заинтересирани кандидати дека на 6 Септември 2016 година, со почеток во 10:00 часот во просториите на Испитниот Центар на ул.Христо Смирненски бр.30 ламела 1, Скопје ќе се одржи полагање на теоретскиот дел од испитот за добивање на уверение за  вршење стопански риболов.

 

Барањата за полагање со потребните докази може да се поднесат до Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство најдоцна до понеделник 22.08.2016 година.

 

Се известуваат кандидатите кои го имаат положено теоретскиот дел од  испитот за добивање уверение за рибочувар (одржан на 01.07.2016  година) дека на 6 Септември 2016 година, со почеток во 12:00 часот во просториите на Испитниот Центар на ул.Христо Смирненски бр.30 ламела 1, Скопје ќе се одржи полагање на практичниот дел од испитот.

На денот на полагање кандидатите задолжително да поседуваат документ за идентификација (лична карта).

 


Syndicate content